Веќе можевме да видиме дека Microsoft планира подобрување на корисничкиот интерфејс на Windows 10, нешто што конечно ќе донесе повеќе од одличниот Fluent дизајн кај овој оперативен систем.

Една од главните промени кои ќе ги има Windows 10 е неговото Старт мени кое иако не драстично променето, ќе има доволно промени кои ќе ги исправат некои од „неубавите“ елементи кои ги има сега.

За разлика од видеото кое го прикажа Панос Панај за објавата на 1 милијарда активни корисници на Windows 10, сега од компанијата прикажаа подобри слики каде може точно да се видат промените во Старт менито.

Од сликите се гледа дека „живите“ плочки остануваат, односно нема да бидат целосно откажани, а ќе биде до апликациите дали ќе ја користат оваа можност. Се гледа дека апликациите како Mail, Weather и слични продолжуваат да прикажуваат информации, што е и добра работа, овие информации се корисни да ги има на плочките.

Промената која ја прави целата разлика на изгледот на менито е тргањето на посебната боја на секоја плочка, нешто што правеше да менито изгледа некако чудно и неорганизирано. Сега плочките ќе ја имаат истата боја која нема толку да се истакнува, а главниот акцент ќе биде ставен на новите икони кои ќе бидат и поголеми.

Плочките во Старт менито ќе бидат многу повеќе унифицирани, а во комбинација со новите икони, менито ќе изгледа одлично, а и полесно ќе може да се најде тоа што се бара.

Се гледа уште една промена која можеби корисниците нема толку позитивно да ја прифатат, а тоа е тргањето на името на апликацијата од плочките. Ова сепак е почетна фаза од развојот, па може до финалната верзија ќе има дополнителни промени.

Новото Старт мени се очекува дека ќе стане дел од Windows 10 дури идната година, со можност да го видиме во тест верзиите од оперативниот до крајот на годината.

ИЗВОРBetanews
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаПолитика за спречување на корупцијата кај јавните претпријатија
Следна статијаФИТР КРЕАТОН – избрани дигитални алатки за справување со последиците од Ковид – 19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.