Од тоа што досега можевме да видиме, Fluent Design од Microsoft изгледа одлично, но има еден проблем. Од компанијата никако да го воведат целосно во Windows 10 и неговите апликации.

Ова значи дека моментално во Windows 10 гледаме само „знаци“ од Fluent Design, тие не се целосно воведени и каде што ги има, а во голем дел од оперативниот систем се користат графички елементи од многу постари верзии од Windows.

Новиот лидер на развојот на Windows 10, Панос Панај, познат по неговата работа со Surface серијата која сега е споена со Windows, прикажа видео на неговиот Instagram профил каде може да се види многу подобра имплементација на Fluent Design во Windows 10.

Видеото е направено во чест на постигнувањето на целта од 1 милијарда корисници на Windows 10 и покрај почетокот во кој се гледаат делови од старите Windows верзии, остатокот ја прикажува иднината на Windows 10.

На видеото можат да се видат новите икони кои веќе стануваат дел од Windows 10, новите плочки кои сега имаат една боја, поголема проѕирност и многу појасно се гледа што има на нив, но исто така прават да Старт менито изгледа многу подобро. Тука се и нови верзии од File Explorer, Calendar и други апликации кои се од Microsoft и сите изгледаат одлично.

Можеби најважно од се, може да се очекува конечна унифицираност на контекст менијата, односно менијата кои се појавуваат кога ќе се притисне на десното копче, се разбира со Fluent Design изглед.

Видеото е во продолжение, па веруваме дека ќе ви се допадне.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Panos Panay Instagram
Претходна статијаНајбрзиот суперкомпјутер во светот ги покажа првите резултати во борбата со COVID-19
Следна статијаФИТР Креатон – До 10.000 евра за дигитални решенија наменети за полесно справување и надминување на последиците од Ковид 19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.