Shutterstock.com

1 милијарда корисници, беше амбициозната цел на Microsoft која ја постави во јули 2015 кога ја претстави официјалната верзија од Windows 10. Најавата беше дека овој оперативен систем ќе го користат 1 милијарда корисници за само 3 години, а во таа бројка секако влегуваат сите уреди кои работат на овој систем, не само десктоп компјутерите.

Не толку после тоа, стана јасно дека оваа бројка нема да може да се постигне во планираниот период, а можеби главната причина за тоа беше слабиот напредок на Windows 10 Mobile, а понатаму и откажувањето на развојот на оваа платформа.

Кога се виде дека бројката нема да биде достигната за 3 години, нова цел не беше поставена, па остана истото да се случи, кога ќе се случи.

Според информациите од Microsoft бројката од 1 милијарда активни корисници е постигната, а тоа се случува на неколку месеци до поминувањето на 5 години од претставувањето на системот.

Со други зборови, доцнењето изнесува 1 година и 7 месеци, што кога ќе се земе во предвид Windows 10 Mobile, како и верните корисници на Windows 7, не е така лошо.

„Денеска ни е мило да објавиме дека повеќе од една милијарда луѓе го имаат избрано Windows 10 низ 200 земји резултирајќи во повеќе од еден милијарда активни Windows 10 уреди. Не можеме да бидеме повеќе благодарни на нашите клиенти, партнери и вработени кои ни помогнаа да стигнеме тука.“ – истакнаа Microsoft во објавата на веста.

Windows 10 како оперативен е наречен последниот кој ќе го претстават Microsoft. Тоа значи дека развојот на Windows ќе продолжи на овој систем кој за разлика од претходните верзии редовно добива нови верзии.

Нови верзии Microsoft претставува 2 пати годишно, за разлика од порано кога тоа се случуваше еднаш на неколку години. Исто така, секој месец се пуштаат безбедносни надградби кои ги содржат најново откриените пропусти во системот.

Windows 10 исто така се истакнува и по можноста на корисниците порано да инсталираат тест верзии преку Insider програмата која им е достапна на сите корисници, а според Microsoft истата брои скоро 20 милиони корисници од сите земји во светот.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаАкција „Држете растојание” за доброто на сите
Следна статијаА1 Македонија со бесплатна услуга за видео конференција за сите – Заедно сме со вас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.