Како изгледа работата со Windows 10X на таблет компјутер

Неофицијалната верзија од Windows 10X, инсталирана на Surface Pro 6, го покажува овој оперативен систем како функционира со екран на допир

Windows 10X, посебно развиена верзија од Windows 10, првично замислена да биде наменета за уредите со двоен екран, сега се развива и промовира како алтернатива на Chromebook уредите. Оваа верзија од Windows, исто како и Chrome OS, е доста „полесна“ и е замислена да функционира преку веб апликации, како и апликации кои се инсталираат преку Microsoft Store.

Иако Microsoft покажа доста информации и по некоја слика од оперативниот систем во развој, сепак овој месец излезе неофицијална верзија која може да се инсталира. Дечките од Windows Central ја инсталираа на нивниот лаптоп и презентацијата ни покажа што можеме да очекуваме од Windows 10X.

Сега оваа верзија тие ја имаат инсталирано на Surface Pro 6, кој е повеќе во правец на таблет компјутер, односно замислен е како уред кој се користи често со екранот на допир, па во видеото на почетокот од оваа статија можете да видите какво ќе биде искуството кај ваквите уреди.

Со оглед на тоа дека Windows 10X е замислен како конкурент на Chrome OS, се очекува дека ќе работи на поевтини уреди кои ќе бидат погодни за образовните институции и слично. Се очекува дека официјално ќе биде претставен оваа пролет, кога и Windows 10 оваа година нема да добие поголема надградба, а истата овој пат се очекува за на есен.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаMozilla Firefox нема да овозможува инсталација на PWA, односно веб апликации на десктоп
Следна статијаTesla Model S доби освежен изглед и можност за поминување на 840 километри со едно полнење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.