Во чудна одлука од страна на Mozilla, нивниот Firefox прелистувач нема да има поддршка за PWA, односно веб апликации кои може да се инсталираат и да се однесуваат како десктоп апликации. Оваа функција сепак ја има на мобилната верзија од Firefox, но десктоп корисниците, каде е и повеќе потребна, ќе останат без оваа можност, доколку не се одлучат да користат друг прелистувач.

Поточно, причината поради која Firefox нема да добие поддршка за PWA е откажувањето на друга функција од која зависеше оваа поддршка, иако од Mozilla најавуваат дека во иднина може да развијат друг начин за овозможување на поддршка за PWA.

Се работи за функцијата SBB, односно „site-specific browser“ која овозможува веб страните да бидат отворени во посебен прозор, без лентата за адреси и другите елементи од корисничкиот интерфејс, со што се добива впечаток како да се користи апликација.

Со ова Firefox дополнително ќе заостане зад веќе популарниот и најмногу користен Google Chrome, а поддршката е одлично имплементирана и кај Microsoft Edge.

Firefox сигурно нема да изгуби нешто посебно од пазарниот удел само поради оваа одлука, но дефинитивно ова не е нешто што се очекува од организацијата која секогаш се трудела да биде во тек со веб стандардите.

Инаку, PWA – Progressive Web Applications, се веб страни кои се прилагодени да можат да се инсталираат на десктоп компјутерите како било која друга апликација и да се однесуваат соодветно. Тоа значи дека тие покрај известувања, имаат пристап и до дискот на компјутерот со што добиваат додатни можности, како и можност за користење офлајн, меѓу другото.

Chrome и Edge имаат одлична можност која ја искористува SBB функцијата, а тоа е да ја „инсталирате“ било која страна и со тоа таа да добие посебна кратенка која може да се постави на Старт менито и на таскбарот за брз пристап до неа, а исто так се појавува во прозор каде се гледа само страната.

Оваа можност е одлична за страните кои не се направени како PWA, а прилагодени се се’ повеќе страни, меѓу кои најнова е и YouTube, а некои од другите познати сервиси кои се PWA ги вклучува Google Maps, Twitter, Spotify и други.

ИЗВОРhttps://www.fastcompany.com/90597411/mozilla-firefox-no-ssb-pwa-support
Претходна статијаWizz Air ја обнови понудата за патничко осигурување со покриеност за COVID-19
Следна статијаКако изгледа работата со Windows 10X на таблет компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.