Microsoft вчера го претстави Windows 11 и од тоа што можеше да се види, нема да имаат проблем со мотивирање на корисниците да го користат. Покрај освежениот изглед, Windows 11 доаѓа со ново Старт мени без „живи плочки“, посебен дел за виџети, централна поставеност на иконите и менито на таскбарот, нов дизајн на нивните апликации како File Explorer, а тука е и новата Microsoft Store која ќе има и достапност на Android апликации.

Windows 11 ќе стане достапен во тест форма веќе од идната недела преку Windows Insider програмата исто како што се тестираше досега Windows 10. Финалната верзија ќе стане достапна од есен, најверојатно од крајот на септември или октомври.

Надградбата од Windows 10 на Windows 11 ќе биде бесплатна за сите корисници, па останува само прашањето дали компјутерот којшто го користите е компатибилен со новиот Windows, односно дали тој ќе може да ја добие надградбата.

Microsoft веќе пушти алатка која го проверува компјутерот и дава информација дали истиот ќе може да го пушти Windows 11. Алатката може да се симне од страната на Microsoft на овој линк.

Доколку вашиот компјутер не е компатибилен со Windows 11, засега нема да можете да знаете зошто, односно алатката не го дава тој одговор. Можете да ги погледнете минималните побарувања кои ги има Windows 11, за да знаете дали вашиот компјутер има послаби карактеристики од потребните.

Претходна статијаMicrosoft го претстави Windows 11
Следна статијаWindows 11 ќе биде бесплатен за сите корисници на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.