Ако ја имавте истата реакција како нас на вчерашното претставување на Windows 11, сигурно се прашувате кога ќе можете да го инсталирате овој нов оперативен систем од Microsoft и дали за тоа ќе треба да се плати.

Добрата вест е дека Microsoft не планира да наплаќа за надградбата на Windows 11, па истата ќе биде бесплатна за сите корисници на Windows 10. Кога финалната верзија ќе стане достапна од есен, па се до 2022, Windows 11 ќе биде понуден за инсталација преку Windows Update, па се што ќе треба е да се избере да се инсталира.

Процесот на надградба ќе биде ист или сличен како повеќето досегашни поголеми надградби на Windows 10, кои беа по две годишно на почетокот, па изминатите неколку година еднаш годишно. По оваа надградба, наредните би требало да функционираат побрзо и да се инсталираат за пократко време.

Microsoft веќе пушти и алатка со која можете да го проверите вашиот компјутер за тоа дали ќе може да го пушти Windows 11. Освен можеби некој постари компјутери, повеќето ќе можат да функционираат без проблем, а Microsoft најави дека ќе работи со нивните партнери да сите компјутери купени оваа година без проблем можат да го инсталираат Windows 11.

Од идната недела ќе стане достапна тест верзија од Windows 11 преку Windows Insider програмата, па сите заинтересирани ќе можат порано да го инсталираат овој нов систем. Како и обично, ова не се препорачува да се направи на главниот компјутер преку кој се работи и би било поголем проблем доколку нешто не функционира како што треба.

Претходна статијаДали на вашиот компјутер ќе може да се инсталира Windows 11?
Следна статијаНеофицијални слики ги прикажуваат Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.