Стартап компанијата Orbit Fab развива и ќе тестира систем којшто треба да овозможи надополнување на гориво потребно за сателитите, а во иднина и на другите „вселенски“ летала и машини кои ќе бидат присутни во орбитата на Земјата.

Идејата на компанијата е да сателитите, а во иднина и туристите, како и вселенските работници, имаат од каде да го дополнат своето количество на гориво потребно за нивно функционирање.

Горивото кое се користи е тешко за пренесување, па сателитите имаат ограничено време во кое можат да останат во орбитата. Затоа Orbit Fab моментално тестира систем за пренос на течност во бестежинска состојба за да во иднина дополнувањето на гориво може да се прави во орбитата.

Доколку оваа компанија успее во своите тестирања и ја изгради својата „бензинска станица“ во орбитата, таа ќе може да соработува со повеќе компании, а уште повеќе во иднина. Сателитите ќе може да се носат во орбитата со многу помала тежина, зошто горивото ќе може да им се стави по ставањето во позиција, а исто така ќе може да им се продолжи функционалниот век.

Какво влијание ќе има една ваква станица за туризмот и другите летала исто така може веднаш да се претпостави, а придобивките би биле навистина големи.

ИЗВОРMIT Technology Review
Претходна статијаИКТ заедницата во Македонија уште еднаш докажа дека е една од најпрогресивните и најхуманите гранки
Следна статијаПроизводител на футроли го открива изгледот на Galaxy S10 моделите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.