Тим составен од физичари од Холандија работат на истражување на начинот на движење на микроскопските честички кои имаат способност да се движат самите во течност преку хемиска реакција со околината.

За таа цел тие имаат испечатено со 3Д печатач микроскопска верзија од познатиот Voyager вселенски брод од истоимената Start Trek серија.

Причината поради која е направено вакво нешто е истражувањето на тоа какво различните форми влијаат во способноста на честичките да се движат. Бродот е направен со големина од само 15 микрометри, односно 0,015 милиметри и треба соодветно да ги прикаже саканите информации.

Предноста на 3Д печатачите кои ги има во денешно време е што научниците можат да испечатат каква сакаат форма, за разлика од досега користените во главно тркалезни форми. Voyager, кој е обложен со платина, бил поставен во раствор со хидроген пероксид, со што може да се постигне движење.

Целта на едно вакво истражување е подобро разбирање на движењето на микроскопските честички, како што се бактериите, вирусите и слични во организмот. Со тоа може да се дојде до напредни начини на лекување, како што е директното носење на потребните лакови до делови од телото.

„Проучувајќи ги синтетичките микропливачи, ние би сакале да ги разбереме биолошките микропливачи. Ова разбирање може да помогне во развојот на нови „возила“ за достава на лекови, на пример, микророботи кои пливаат автономно и доставуваат лекови на саканите локации во човековото тело.“ – изјави за CNN Самиа Ухаџи, една од авторките на студијата.

Покрај печатењето на формата на вселенскиот брод Voyager, направени се повеќе други форми, а тоа е и целта на истражувањето.

ИЗВОРCNN
Претходна статијаКорисниците на постари Android уреди ќе имаат проблем со отворањето на голем број на веб страни од идната година
Следна статијаPfizer и BioNTech објавија дека нивната вакцина против COVID-19 покажала успех од 90% при крајот на третата и најважна фаза од тестирањето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.