Во текот на вчерашниот ден Кина успешно го лансира главниот модул од нивната нова вселенска станица која треба да биде пуштена во употреба до крајот на идната, односно 2022 година. Модулот е наречен Tianhe и е главниот од вкупно три модули кои ќе ја сочинуваат целата станица.

Кинеската вселенска станица ќе биде вториот објект покрај Меѓународната Вселенска Станица во орбитата на Земјата кој може да се користи за престој на астронаути, а во случајот со кинеската станица, ќе може да престојуваат до три астронаути во временски период од шест месеци.

Како што може да се претпостави од бројот на модули, како и бројот на астронаути кои може да бидат на оваа станица, истата е помала од МВС. Поточно, големината на кинеската станица е една четвртина од таа на МВС.

Висината на која ќе орбитира кинеската станица е околу 230 километри, што е околу 30 километри пониско од МВС. Станицата ќе има можност да ја менува својата висина според потребите.

Причината поради која Кина лансира сопствена посебна вселенска станица е забраната која ја има оваа земја за користење на Меѓународната Вселенска Станица. Забраната е донесена во 2011 година од Конгресот на САД, поради, како што би можело да се претпостави, грижи за националната безбедност.

На кинеската вселенска станица се планира да се извршуваат научни експерименти, а исто така да се тестираат можностите за вселенски летови на кинеската агенција.

Во продолжение можете да го погледнете лансирањето на Tianhe.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаHuawei Audio Lab: Просторијата без звук и нејзината улога во развојот на FreeBuds 4i
Следна статијаНеофицијални „бенчмарк“ резултати покажуваат големо подобрување кај Snapdragon 8cx Gen 3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.