200my94

Како што веќе знаеме, Земјата на својата површина има тектонски плочи кои постојано се движат и поместуваат. Според анализи на сегашното движење и на движењата во минатото научниците имаат изработено некои модели за историјата на копното на Земјата.

Дел од копното порано започнало од едно копно при Антартикот, пред околу 600 милиони години. Потоа тоа копно започнало да се дели во разни делчиња, формирајќи три огромни парчиња пред 540 милиони години. Две од парчињата се спојуваат пред 400 милиони години (во т.н. Девонска ера, кога се создаваат првите копнени животни, а растенијата почнуваат да доминираат на копното) во суперконтитентот Гондвана, а едното продолжува да биде само. Веќе кај 120 милиони години пред денес се гледа некоја сличност помеѓу копното тогаш и копното денес, забележувајќи ја споеноста на Африка со Јужна Америка, и слободното „пловење“ на Европа пред да се спои со Азија.

Евроазиското тло со Африка се спојува тек пред 20 милиони години, што не е така голем период во историјата. Денешната форма предпоставуваме дека сите ја знаеме. Сепак, главното прашање беше како ќе изгледа формата на Земјиното копно по 100 милиони години.

Од предпоставките на научниците, „вечниот“ мраз на Антартикот и на Арктикот ќе се стопи, а зголеменото количество на вода ќе ги поплави контитентите, особено на површините каде што поминуваат големи реки, како низините на реката Амазон и реката Нил. Источниот регион на САД ќе биде исто така претворен во огромно море, а Австралија и Малезија ќе се спојат со Азија правејќи суперкопно. Од источниот дел на Африка ќе се оддели огромен остров покрај Мадагаскар, а Холандија, очекувано, ќе биде целата под вода.

Ваквата еволуција можете да ја забележите на видеото кое го сместивме погоре. Мора да напоменеме дека ваквите слики се базираат на научни предпоставки кои не можат да се земаат здраво за готово, но сепак се релевантни и блиски до тоа што навистина се случувало со Земјината површина во историјата.

Извор: IFLScience, Wiki: Geological History of Earth, University of Wisconsin – Green Bay

Претходна статијаСте се прашувале какви се временските услови таму каде што летате? Стокхолмскиот Арланда аеродром го има одговорот
Следна статијаKiBoJet – тастатура со проектор кои ви овозможуваат да работите каде сакате