12440341_10153868003259834_9141046258826262278_o

Секоја година, нејзиниот почеток поминува во знакот на CES (Consumer Electronic show) саемот за технологија кој традиционално се одржува во Лас Вегас. Љубителите на технологијата на овој саем можат да видат се што е поврзано со новите производи, како и тие кои што тек треба да бидат претставени. Кратко кажано, одличен настан на кој што вреди некогаш да се отиде.

Годинешниот CES 2016 ќе се одржува од 6 – 9 јануари, а како и обично веќе гледаме што некои од учесниците ќе претстават.

Што може да се очекува од CES оваа година ?

Иако овој настан е многу повеќе од настан за мобилни телефони, тоа не значи дека не може да се очекува претставување на одредени модели. Сепак, главните модели од најголемите производители можеме да ги очекуваме за време на MWC настанот во Барселона.

Овие денови ќе бидат претставени интересни нови модели, а доста од нив ќе бидат и од средната класа. Веќе можевме да видиме претставување на телефони кои што работат на Windows 10, а поради нивната реткост досега, тие сигурно ќе привлечат големо внимание.

Можеме сигурни да бидеме дека на настанот ќе се изнагледаме разни нови лаптоп и таблет компјутери. Главни сигурно ќе бидат тие кои што ќе работат на Windows 10 и се во категоријата на таканаречени конвертибилни или хибридни.

Microsoft може да се каже дека го постави стандардот со нивниот Surface Book, па другите производители полека почнуваат да го следат, претставувајќи дури и подобри модели.

Samsung веќе најави дека еден од производите кои што ќе ги претстави ќе биде во категоријата на паметни уреди за носење. Се работи за паметен ремен кој што ќе ги мери направените чекори, времето поминато во седење и слични информации кои што потоа ќе ги испраќа на апликација која што ќе дава совети на корисникот.

На настанот ќе може да видиме и доста нови паметни часовници, фитнес алки и други слични уреди како паметниот ремен.

Сигурно не би бил настан за технологија без да видиме новитети и од областа на телевизорите и аудио опрема. Ако лани почнуваше, оваа година стандарден ќе биде трендот на 4К телевизори. Ќе можеме да видиме и нови интересни концепти на екрани кои што се превиткуваат и слично.

Оваа година исто така може да очекуваме да видиме доста дронови, односно беспилотни летала, како и роботи и слични автоматизирани уреди, камери, автомобили, уреди од Интернет на нештата и слично.

Дефинитивно интересна недела е пред нас, а на Смартпротал ќе можете да прочитате за сите интересни производи.

Претходна статијаМарк Закерберг сака да си развие ВИ асистент за неговиот дом
Следна статијаТелефонот со Continuum можност, Acer Jade Primo, пристигнува во Февруари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.