11753729_874583685942778_4039569762037178724_n

Скопје има одредена инфраструктура за велосипеди, но ќе се согласиме дека не е импресивна. Дури и тие патеки за велосипеди и качувања и спуштања кои ги имаат направено изведувачите на улиците и булеварите, се гледа дека не се направени со потребното внимание – пречесто се непријатни за качување, па предизвикуваат оштетување на велосипедите, или пак фактички непостојат бидејќи се превисоки.

Востанувањето на квалитетна и општораширена велосипедска инфраструктура е основата на секој развиен град кој сака да оди напред. Во Скопје и ширум општеството почнаа да се појавуваат се` повеќе велосипедисти кои возат редовно, и нормално, бараат поголемо внимание и грижа за нив и нивните потреби.

poster_KM39_za_web

Тие понекогаш се групираат, а една од најпознатите вакви групи која се создава со точно зададена цел е Критична маса. Имено, целта на Критична маса е да собере доволно луѓе-велосипедисти кои со својата бројност ќе ги принудат сите околу нив (минувачи, возачи, власти) да ги забележат и да посветат внимание на нивната цел.

Досега имаше 38 вакви настани, а денес (среда, 29.07.2015 г.) ќе се одржи 39-тиот. Целта на денешниот настан е скренување внимание кон потребата од намалување на брзината на возење во населени места, до барем 50 км/ч, а идеално според нив би било 30 км/ч. Со намалување на брзината ќе се намалат смртните случаи и повредите при судари на возила со велосипедисти или пешаци, а и бројноста на ваквите незгоди ќе се намали бидејќи времето потребно за одговор се зголемува.

Дополнително, според нив ќе се намали бучавата (звучното загадување) и загадувањето (за кое не сме сигурни), и општо ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот. Секако дека постојат негативни ефекти, а тоа е дека целиот транспорт и извршување на услуги низ градовите ќе се забави, но за волја на вистината, од Критична маса бараат брзината од 50 км/ч да остане применлива кај големи булевари кои имаат засебна пешачка и велосипедска инфраструктура.

Во секој случај, ако сте заинтересирани да учествувате во овој настан и да го направиме Скопје подобро за велосипедот (едно од најдобрите превозни средства измислени од човекот), денес во 17 часот се собираат луѓето пред Школка во Градскиот парк. Рутата на возење можете да ја погледнете на официјалната веб-страница на Критична маса:

Извор: Критична маса

Претходна статијаLG претстави Android телефон на преклопување!
Следна статијаIntel и Micron создадоа стабилна меморија 1.000 пати побрза од flash!