LG-Gentle

Пред не повеќе од 10-тина години, најпопуларни беа телефоните на преклопување и на лизгање, тренд кој се чинеше дека никогаш нема да престане… Денес, не само што е опаднат трендот, туку ваков модел и воопшто нема на пазарот. Се досега.

Корејскиот производител LG, за разлика од она што го прави со новите, футуристички модели, ни ја скокотка носталгијата кон постарите мобилни телефони со новиот Gentle. Се работи за телефон на преклопување со 3,2 инчен екран и резолуција од 480х320 пиксели (пред десетина години ќе беше најголемиот на светот!) и тастатура во долниот дел (откако ќе се отвори), како и целосен Android Lollipop оперативен систем.

64016

Телефонот има дури и солидни перформанси, благодарение на процесорот со четири јадра, помогнат од 1 GB рам меморија. Вграден е и 4 GB простор за складирање податоци со можност за проширување со micro SD картичка, додека батеријата има капацитет од солидни 1700 mAh, а со оглед на големината на дисплејот. Камерата има само 3 мегапиксели, но и тоа е бројка која со сигурност ќе побуди носталгично чувство.

Цената на телефонот во Јужна Кореја е околу 180 долари, што се чини како многу за телефон со вакви перформанси – за истите пари, може да се купи многу помоќен паметен телефон. Сепак, ниту еден друг телефон нема да може да кренете со фраерско отворање на телефонот, па кој го милува тоа, можеби и ќе се одлучи да плати поголема сума.

Извор: Droid-Life, Engadget

Претходна статијаSamsung претстави монитор кој има можност за безжично полнење на телефоните
Следна статијаПридружете се на Критична маса #39 денес!