Загреб, 21 август 2018 – Печатените медиуми некогаш на своите интернет портали ја имаат објавувано скоро истата содржина како во своите весници. Денес дигиталните платформи имаат сопствена форма и оригинален начин на пренесување на информациите и раскажување на приказни кои значително се разликуваат од создавањето на содржината за традиционалните медиуми.

Дигиталните медиуми, како средство за информирање и едукација, почнаа внимателно да ја балансираат продукцијата на сопствената содржина по пат на анализа и колумни, како и брзи вести кои читателите ги очекуваат на порталот. Но, новинарите и уредниците и понатаму се наоѓаат пред предизвикот на кој начин во големата дневна продукција да ги истакнат квалитетните теми и да ја зголемат нивната читаност, а од друга страна и понатаму да бидат први кои ќе ја објават веста.

Веќе не е исто ниту уредувањето на насловните страни на интернет порталите кои некогаш ги имаат уредувано неколку пати во текот на денот. Денес корисниците очекуваат нови информации на насловната страна секој пат кога ќе го посетат порталот. Поради тоа не чуди што трендовите покажуваат значителен пораст на продукција на статии, со некогашните десетина на неколку стотини дневно.

Со се’ поголемата продукција на содржина, видлив е растот на консумација и задржување на интернет порталите. Во последните десет години, покажа истражувањето на Gemius, времето на задржување на дигиталните платформи има пораснато за дури 50 до 100 отсто на месечна база.

На панел дискусијата „New world order: Како да креирате содржина за дигиталната ера“ Weekend Media Festival ќе ги собере претставниците на клучните медиуми како би ни објасниле кои се специфичностите на креирањето и дистрибуцијата на содржина во дигитална форма.

Најголемиот регионален комуникациски фестивал оваа година се одржува од 20 до 23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, а партнери на фестивалот оваа година се Франција и Германија. Сите „маркетингаши“ своите трудови можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални трудови во регионот ќе ги претстави најважната дигитална награда, SoMo Borac.

Покрај по конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Weekend е познат и по најдобрите забави. И оваа година не очекува разновидна музичка програма и дружење до доцна во ноќта.

Претходна статијаNetflix тестира реклами кои ќе се појавуваат помеѓу две епизоди од серијата која ја гледа корисникот
Следна статијаNvidia ги претстави GeForce RTX графичките направени на најновата Turing архитектура