Nvidia ги претстави GeForce RTX графичките направени на најновата Turing архитектура

GeForce RTX ја донесуваат најновата „ray tracing“ технологија, заедно со напредни можности од вештачката интелигенција

Nividia минатата недела на SIGGRAPH настанот ја претстави својата најнова архитектура, која е во изработка последните 10 години, наречена Turing. Главните карактеристики на оваа нова архитектура се во таканаречената „ray tracing“ технологија, која во комбинација со вештачката интелигенција, овозможуваат скоро реална слика, споредлива со филмовите.

Графичките кои беа претставени минатата недела беа наменети за професионалците, а беше најавено дека новата технологија нема да ги „заборави“ и гејмерите и нивните GeForce графички картички.

На Gamescom настанот во текот на вчерашниот ден, Nvidia ги претстави GeForce RTX 2070, GeForce RTX 2080 и GeForce RTX 2080 Ti. Ова се првите графички кои работат на новата Turing архитектура и се наменети за гејмерите, односно за „обичните“ корисници.

Овие графички картички овозможуваат значително подобрување на графиката во игрите во споредба со претходните генерации. Споредба дури не може да се направи поради големината на подобрувањата и реалноста на сликата којашто е овозможена со новата технологија.

За време на презентацијата беше претставено демо од се’ уште неизлезената Battlefield V, чија што графика нема никого да го остави рамнодушен. Во план се уште повеќе игри кои се направени со најновата технологија, па може да се каже дека почнува нов ера во гејмингот.

Карактеристиките на новите GeForce RTX графички можете да ги погледнете на следниот линк.

ИЗВОРNvidia
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаДигиталните платформи некогаш и денес: Weekend открива како да ги задоволиме потребите на читателите на порталите
Следна статијаМногу изненадувања и подароци за првиот училишен ден во Скопје Сити Мол
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.