14207608_1534344923258500_5093407628352969705_o

Еден од најзборуваните и добро организирани стартап настани во Македонија – Startup Weekend Skopje ќе се случи по шести пат оваа година, со поголеми очекувања и уште поголеми цели!

Startup Weekend Skopje е 54 часовен глобален настан, каде програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади и амбициозни претприемачи заедно споделуваат идеи, формираат тимови, создаваат продукти и формираат стартапи.

Startup Weekend глобални бројки:

  • 1500+ настани
    • 660+ градови
    • 120+ земји
    • Просечно 85 учесници на настан, со максимален капацитет од 125
    • Просечно 10 нови вложувања.

Изминатите две години во Скопје имавме:

  • 210+ учесници
  • 50+ ментори и судии од Бугарија, Хрватска, САД, Естонија, Србија, Македонија, Словенија, Австрија
  • 3 успешни стартап приказни: Buzz, Brainster.co, Vozime.mk

————————–

Startup Weekend Skopje ќе се одржи од 28-30 Октомври 2016, во Hub Skopje во Скопје, кој нуди одлични простории, под менторство на експерти и интересни награди за победниците. Во тридневниот настан учесниците ќе имаат можност да ги презентираат нивните иновативни идеи, да состават тим и добијат интересни награди, вклучувајќи можност за финансирање од најдобрите бизнис акселератори во Македонија и пошироко.

Учесниците ќе добијат единствена шанса да бидат обучени од најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и бизнис програмери за тоа како најдобро, брзо и ефективно да ги претстават своите идеи на инвеститори и клиенти, како и од едноставна едеја да создадат успешен бизнис.

Новитети оваа година:

Овојпат, Startup Weekend Skopje ќе биде организиран во Impact Hub Skopje. Ветуваме многу интересни гости од Македонија и од странство кои ќе ја збогатат листата на експерти која досега ја имаме.

Доколку сакате да го поддржите настанот и да бидете дел од него како партнер или спонзор контактирајте не на нашите социјални канали.

Early bird картите по една од 10 евра, се веќе во продажба и истите може да ги купите на: http://bit.ly/swearlybirds

Новостите за SW Skopje може да ги најдете на:

Facebook, Twitter и Youtube

Претходна статијаРекордни 57 агенции на BalCannes ревијата
Следна статијаПазар3 – десет години најснабден пазар во Македонија