balcannes-logo

Загреб, 16 септември 2016 – Рекордни 57 агенции од пет земји од регионот ги пријавија своите најдобри проекти на BalCannes, регионална ревија на маркетинг агенции. Дури 125 референтни агенциски проекти во идните недела дена ќе ги прегледува жири од угледни огласувачи кои во текот на два круга ќе ги оценува и меѓу нив ќе избере 25 надобри. Оваа година, првпат на BalCannes, огласувачите ќе доделат и награди, а меѓу нив и оние најважните, за надобра агенција и најдобар проект на BalCannes.

Најдобрите 25 проекти агенциите ќе ги претстават на главната сцена на Weekend во петок, 23 септември во ударниот термин од 16 часот и 45 минути. Овој пресек на регионални маркетиншки продукции е корисна прилика за сите огласувачи да во краток рок и на едно место се запознаат со понудата на агенцискиот пазар од регионот.

Организаторите на BalCannes, HURA (Хрвстско здружение на компании за пазарно комуницирање) и Weekend Media Festival, посебно се гордеат на големиот број на нови агенции кои од оваа година се дел од BalCannes, а нив ги има дури 15. За сите оние кои не доаѓаат во Ровињ, агенциските проекти ќе биде достапни за прегледување во склоп на дигиталната изложба која после фестивалот ќе биде отворена на BalCannes Yellow Pages страната www.balcannes.com.

Претходна статијаTwitter директните пораки добија неколку нови и корисни функции
Следна статијаНајавено шестото издание на Startup Weekend Skopje