twitter-read-receipt

Twitter изгледа сака нивните директни пораки почесто да се користат, односно тие што веќе ги користат да имаат најдобро што е можно корисничко искуство. Сепак, апликациите за комуникација се многу популарни кај корисниците, па тие коишто имаат потреба да комуницираат преку Twitter, не е лошо да имаат функции кои се веќе стандардни кај специјализираните вакви сервиси како Facebook Messenger, Viber, WhatsApp и слични.

Од минатата недела, Twitter директните пораки добиваат три новини кои треба да го направат овој сервис многу покорисен, а и посличен со останатите.

Корисниците сега ќе имаат можност да видат дали другата страна ја има прочитано нивната порака, а оваа функција сепак ќе може да биде исклучена преку прилагодувањата за тие коишто не сакаат да ја даваат таа информација.

Покрај ова, во директните пораки сега ќе може да се види кога другата страна пишува, па корисникот да знае дали може веднаш да очекува одговор и да не чека без потреба.

Исто така, линковите кои што се пуштаат во пораките, ќе го вклучуваат насловот и сликата од страната каде што носи линкот. Ова е нешто што исто така одреден период е достапно кај другите сервиси и значително го подобрува корисничкото искуство. Корисниците можат добро да видат за што се работи пред да кликнат на линкот, па доколку не ги интересира да не го отвораат, барем не веднаш.

Извор: TNW

Претходна статијаWindows 10 Preview Build 14926 донесува “Snooze” опција во Edge и неколку други функционалности
Следна статијаРекордни 57 агенции на BalCannes ревијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.