windows_10_wallpaper-930x523

Веќе може и официјално да потврдиме – Windows 10 е дефинитивно оперативниот систем со најчести надградби, кои многу често донесуваат и нови функционалности и можности. Најновата надградба на Windows 10, достапна за оние на “Insider” програмата во “Fast Ring” и за компјутерите и за смартфоните, донесува неколку експериментални опции, кои во официјалните верзии би требало да ги добиеме со Redstone 2 надградбата.

Најинтересна функционалност е веројатно “Snooze” во прелистувачот Edge. Со “Snooze” можете да обележите некој таб во прелистувачот, односно буквално да му направите snooze како кај алармите кај паметните телефони, за потоа да го имате подоцна. Ова е особено корисно за оние кои работат со повеќе отворени веб страни одеднаш.

На пример, доколку имате отворено повеќе од 20 веб страни а сакате да ги исчистите оние кои не ви се веќе корисни, треба само да им направите “Snooze” со помош на Cortana на оние кои сакате да останат и потоа исклучете го прелистувачот. Табовите на кои имате направено “Snooze” потоа ќе бидат достапни во Action Center отстрана.

Ова би можело да биде многу корисно и за корисниците на Cortana кај паметните телефони, кои нотификациите за овие табови би ги добивале и на својот паметен телефон или обратно, од телефонот на компјутер, функционалност која претпоставувам Microsoft би можел многу лесно да ја овозможи.

win10-wifi-768x643

Во Preview Build 14926 промени има и во поставките за Wi-Fi, кои сега изгледаат многу слично и на Windows 10 смартфон и компјутер, а вградените апликации кои сте ги деинсталирале (на пример оние од Microsoft), нема повторно да се инсталираат со секој нов Insider Build.

Кај оваа Insider верзија полесна е и најавата со пин, бидејќи Windows отсега ќе препознава само внес на бројки, дури и ако се исклучени копчињата на тастатурата. Како еден од корисниците на пин за најава на Windows 10, можам да потврдам дека ова е одлична опција – отсега нема да може да згрешите со внесување на буква наместо бројка.

Покрај овие експериментални новитети, има и чистење на багови, како на пример ненадејно исклучување на најразлични апликации и слично. Повеќе за ова може да прочитате на Windows Blog на Microsoft, каде има целосна листа од сите промени.

Извор: Venture Beat, Tech Times, Beta News

Претходна статијаQualcomm разви двојна камера за смартфони “Clear Sight”, ќе биде одлична при ноќно сликање
Следна статијаTwitter директните пораки добија неколку нови и корисни функции