LG

Еден од најпознатите саеми за технологија секоја година се одржува во Барселона. Mobile World Congress е место каде може најмногу да се најдат производи поврзани со мобилните, како и мобилната технологија. До пред некоја година и поголемите производители го користеа овој саем за најава на нивните нови телефони, а дури и сега тоа го прават „околу“ овој настан.

MWC 2020 се одржува на крајот од февруари како и секоја година, поточно од 24 до 27 февруари. Посетата на овој настан е голема, односно се движи околу 100.000 посетители кои доаѓаат да ги видат штандовите на илјадници компании.

Посетата на еден ваков настан вклучува патување и поминување низ гужвите по аеродромите, како на посетителите, така и на компаниите кои учествуваат на саемот. Сето тоа завршува со огромна гужва на самиот настан, па може да се замисли дека ова не е баш погодна ситуација кога во светот има епидемија од одреден вирус.

LG поради тоа реши да го откаже своето учество на саемот оваа година и своите урди да ги претстави на посебни настани во блиска иднина. Кога тоа точно ќе биде не е јасно, па изгледа ќе зависи од развојот на ситуацијата со Коронавирусот.

Од компанијата преку известување за новинарите истакнуваат дека „Имајќи ја во предвид безбедноста на своите вработени како и на јавноста, LG одлучи да се повлече од изложбата и учеството на MWC 2020 подоцна во месецот во Барселона, Шпанија. Оваа одлука ќе спречи непотребно изложување на стотици вработени на LG на меѓународно патување, нешто што повеќето здравствени експерти го советуваат“.

Коронавирусот се’ уште најмногу е проширен во Кина, каде и започна оваа епидемија. Во овој момент, а може да се провери на овој линк, имало 24.597 потврдени случаеви, од кој повеќето, односно 24.384 се во Кина.

За одлуката на LG сигурно се зима во предвид и големиот број на учесници и посетители на саемите од Кина, па можноста за појава на одредени проблеми не е неверојатна.

Инаку, од GSMA, односно организаторот на MWC саемот, објавија дека преземаат мерки поврзани со Коронавирусот како што е почесто чистење и дезинфекција на сите места на настанот, медицинска помош, кампања за свесност од вирусот и слично.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаНови ознаки на горивата во ЕУ
Следна статијаSamsung случајно го потврди името и изгледот на Galaxy S20
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.