Преку Droid-Life

Веќе сме на помалку од една недела до претставувањето на Galaxy S20-ките, а најверојатно и Galaxy Z Flip телефонот на преклопување и новата генерација од Galaxy Buds со значително подобрена батерија и квалитет на звукот.

Покрај сите неофицијални информации и слики кои можевме да ги видиме досега, најновата доаѓа директно од Samsung. Тие, најверојатно по грешка, предвреме ја имаат пуштено страната за нова футрола на нивната онлајн продавница, по што веднаш ја имаат тргнато.

Сепак, дечките од Droif-Life, меѓу другите, ја имаат забележано, па сега можеме да видиме што ни открива оваа страна.

Футролата е наменета за Galaxy S20 моделот, а со ова добиваме и потврда на името на новите уреди, односно дека дефинитивно нема да бидат наречени S11.

Покрај тоа, потврда доаѓа и за изгледот на уредот, нешто што веќе го видовме на доволно слики. На предната страна ќе има една камера поставена во мала дупка на средината од горниот дел од екранот.

Преку Droid-Life

На задната страна е истакнатиот модул за камера која во случајот на S20 има 3 сензори, а се очекува да S20+ има еден додатен сензор за откривање на оддалеченоста на објектите, додека S20 Ultra покрај тој, ќе има и сензор кој ќе овозможи дигитално зумирање на сликата од 100 пати.

На десната страна од уредот ќе има две копчиња, односно тие за звук и копчето за отклучување на екранот. Изгледа дека S20-ките нема да дојдат со Bixby копчето кое сепак не се користеше од страна на корисниците, па поради тоа и популарни беа апликации кои овозможуваа промена на функцијата на копчето, нешто што до некаде и официјално на крај го овозможи Samsung преку нивните прилагодувања.

Настанот Unpacked се одржува на 11 февруари, односно идниот вторник, а како и секоја година ќе може да се следи во живо.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаLG го откажа учеството на MWC 2020 поради Коронавирусот
Следна статијаDyson патентира слушалки кои се и преносен прочистувач на воздухот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.