Кина како земја е доста специфична. Огромен број на население, а во денешно време и економија, со сериозна интегрираност со остатокот од светот, па кога ќе се појави некој вирус кој лесно се пренесува, како што е Коронавирусот, имаме потенцијален глобален проблем.

Еве неколку корисни/интересни текстови на оваа тема:

  1. Што е Коронавирусот и колку треба да бидеме загрижени? Станува збор за сосема нов вирус од оваа група (САРС беше познат вирус во 2003 од истата група). Се појави во Кина. Потекнува од животни. Најверојатно од лилјаци. Се пренесува од човек на човек. Бидејќи станува збор за вирус, антибиотик не делува. Штетата што може да ти ја направи зависи од колку ти е силен имунолошкиот систем. Засега, не знаеме колку лесно се пренесува вирусот и колку е опасен.
  2. Како да се заштитиме? Иако не се знае колку е опасен вирусот, заштитните мерки се генерално сличните оние како кај и останатите вируси – избегнувајте затворени места, мијте раце често (ова е клучно!), носете маска со филтер, итн.
  3. Малку технологија и Коронавирусот. Поради очигледни причини, ова е поле во кое роботите ќе имаат се поголема улога. За наша среќа.
  4. Како да се справиме со пандемични вируси? Насим Талеб, еден од највлијателните мислители кога станува збор за управување со ризици, објави куса белешка поврзана со справување со Коронавирусот и слични ситуации. Во вакви ситуации, владите не можат лесно да се справат со карантин, мониторинг и сл. мерки – потребно е претпазливост од сите. Ризикот е преголем и лесно може да предизвика ruin – треба да се тежнее кон минимизирање на ризикот во најрана фаза (нешто што кинезите, поради нетранспарентност, не го направија).
  5. Како би се справиле либертаријанци со вакви ситуации? Како либерал и човек кој генерално преферира модели на решавање на проблеми кои не вклучуваат Држава/присилба, ме интересираше како би се справиле со слична ситуација доколку би немале влади (прашањето е релевантно и во ситуации кога владите се неспособни да се справат со вакви проблеми). Од тоа што прочитав воглавно станува збор за критики на примената на карантинот како решение, повик да се внимава на граѓанските слободи и да не се посегнува по радикални решенија лесно, што се’ држи вода, но на добри контра идеи не наидов баш. Можеби ова, каде што приватни специјализирани корпорации би плаќале за да те стават во карантин, но не сум баш најубеден дека би било ефикасно решение (инаку некои држави во САД го имаат прифатено моделот да плаќаат на несреќните граѓани кои би завршиле во карантин во вакви ситуации). За слични проблематични ситуации каде што нема лесни решенија генерално но либертаријанците особено имаат предизвик да понудат контра-алтернативи, видете тука.

На крај, поука? Не треба да се крева паника, но претпазливост на највисоко ниво во најрана фаза во вакви ситуации е неопходна. Плус, отворена соработка помеѓу сите засегнати + целосна транспарентност, која за жал недостасува во про-социјалистички земји (а во случајот на Кина, се едни од главните играчи на глобално ниво). Ни треба и бајаги среќа.

Претходна статијаHuawei влезе во топ 10 највредни брендови според Brand Finance
Следна статијаИ од Велес се може: Ако имате бизнис идеја, ова е шанса да ја реализирате
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.