Winamp-logo-microsoft

Пред неколку денови AOL најави дека планира да го прекине развивањето на Winamp и поврзаните сервиси, како и дека истиот нема веќе да биде достапен за симнување. Сега според порталот TechCrunch Microsoft размислува за купување на овој порано најпопуларен медиа плеер, заедно со сервисот за streaming Shoutcast.

Оваа информација сепак не е потврдена од двете страни, па не е познато дали се работи за шпекулација или сепак за вистински преговори кои што се на почетокот.

Би било интересно да се види што би направиле Microsoft да ја вратат популарноста на Winamp, кој што денес е скоро целосно заменет од интернет радио сервисите како Pandora и од програмите како iTunes.

Претходна статијаXbox One пуштен во продажба
Следна статијаСпоредба: Xbox One vs PlayStation 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.