xbox-one

Во кутијата ви се наоѓа конзолата : еден контролер, слушалки, Kinect 2 камера, кабел за струја со надворешен адаптер (или популарно наречен цигла) и еден HDMI кабел преку кој може да се stream-ува 4K видео содржина. За местење и вклучување на конзолата ќе ви е потребно само една минута. Ја приклучувате конзолата во TV со HDMI кабел, ја приклучувате Kinect камерата во конзолата, па во струја и толку. Дури и штелувањето на Kinect камерата е брзо и лесно, само застанете пред камерата и конзолата ќе ве најави и е спремна за вашите команди.
xbox-one-2
Има солиден ретро дизајн во црна боја и потсетува на стар VHS што не е ни чудно бидејќи беше рекламиран претежно како уред кој служи за гледање (on demand) телевизија и конзола за видео игри, во едно.  Составен е од : 8 јадрен AMD  Jaguar x86 (архитектура) процесор, 8GB DDR3 RAM (од кои 3GB се резервирани за оперативниот систем), 500GB HDD, Radeon GPU, HDMI in/out, S/PDIF, IR-out, Kinect port, Ethernet, Wireless-N, Wi-Fi Direct, USB3 и Blu-ray читач.
xbox-one-controler

Контролите
: Game pad-от горе долу го има истиот изглед како X-Box S или X-box 360, Start и Back копчињата се прекрстени во Menu и View и имаат различна функција, зависи која апликација ја користите. Поголемите измени се кај батериите каде се сместени во телото од Pad-от и се губи таа грпка од стариот дизајн. Страничните копчиња се споени во едно конвексно копче за да се има полесен пристап до L1 и R1 копчињата. D-pad-от овој пат реагира повеќе на допир,  аналогните џојстици се со нерамна гумена текстура и имаат помал отпор од старите модели. Microsoft конечно ги одвои D-pad насоките и нема повеќе да има проблем под кој агол се притискаат, исто така  има вградени infrared сензор за да може Kinect камерата да го пронајде корисникот подобро и прецизно. Најинтересната работа во новиот контролер е наизменичното вибрирање на force feedback моторите на страничните копчиња, зависно од тоа кое копче се притиска, на тој дел од pad-от ќе почувствувате отпор и вибрација, што сега за сега може да се проба само на Forza и Ryse.

xbox-one-headphones

Слушалките  се со ист квалитет како на 360 и нема да забележите подобар квалитет од старите, а ако имате поскапи слушалки како Turtle Beach или сл. ќе морa да почекате за конвертори од страна на Microsoft бидејќи портот е сменет за да има поголем проток,односно квалитетен звук.

xbox-one-kinect

За Kinect 2.0 камерата може да се рече дека е виновникот за X-Box ONE што е 100$ поскап од PS4. Тоа до некаде е паметен потег од Microsoft бидејќи за разлика од Kinect 1.0 креаторите ќе сакаат да прават игри кои ќе ја искористат технологијата како што треба, покрај тоа што ќе се користи како далечински управувач со гласовни команди. Тоа значи дека кога ќе сакате да ја вклучите или исклучите конзолата доволно е да кажете X-box ON или X-Box Off, а ако сакате да гледате филм или да играте некоја игра кажете му X-box Play RYSE и играта ќе се вклучи, многу едноставно и интересно. Да цената е поголема со Kinect, но и искуството ќе ви е поголемо.

Камерата е составена од два сензора :
Едниот е со infrared сигнали (512×424, 11-bit dynamic range)  кој ја скенира просторијата за движења, температура и длабочина (512x424x16bpp, 13-bit depth), со FOV/Преглед од 70˚ во хоризонтала и 60˚ вертикала. Другиот сензор е RGB камера која следи бои (1920x1080x16bpp 16:9 YUY2 @ 30 fps), микрофони за звук (4-mix array – 48KHz аудио), Latency од ~60 ms со процесирање и USB 3.0 приклучок.

На кратко, ќе се однесува како HALL 9000 од Одисеја 2001.

Ќе ве препознава кога ќе влегувате во просторијата ќе ве поздрави и ќе ве најави на профилот, ќе ви ги препознава изразите на лицето, дали сте возбуден, тажен, се смеете, или срамите, ќе има детален приказ кој мускул ви е згрчен, а кој опуштен и ќе ви го знае пулсот на срцето (буквално).  Тие што не ги познава ќе бара да се идентификуваат за да ги регистрира по боја на глас, физички изглед и профил – фотографија инаку нема да ги слуша, односно, нема да “сподели” содржина.

xbox-one-ui

UI  (Кориснички интерфејс)

Ако сте фан на Windows 8  или Windows Phone, интерфејсот ќе ви се допадне бидејќи е ист, ако не и поедноставен. Можете да си подредувате работи како вам ви прилега, а ако не ви е јасно нешто како да го направите доволно е да и кажете на конзолата што точно сакате. Xbox One препознава и рачни знаци, па доволно е да му покажете со прст или да направите тупаница и да мавтате кога ќе сакате да прелистувате содржина. Најинтересното е кога би играле некоја игра и ако сте заглавиле на некоја сложувалка доволно е да речете X-Box SNAP и  сликата ќе ви се подели на два дела каде на едниот дел ќе можете да пребарувате помош на Internet Explorer. Ова може да го правите и со контролерот, но поедноставно е со гласовни команди бидејќи функционира одлично.

xbox-one-share

Споделување содржина на X-Box ONE
Снимањето  и споделувањето на видеа од игри може да се прави со две различни апликации : Game DVR и UPLOAD. Иако конзолата цело време снима што правите, односно чува материјал во buffer во време траење од 5 минути, потребно е да стартувате една од апликациите за да може да се почне со снимањето,  тоа ќе го направите велејќи X-Box SNAP за да ви се прикаже менито на едниот дел од екранот, избирате апликација и потоа велите X-Box RECORD THAT. Многу лесно и едноставно. За stream-ување видеа преку Twitch како на PS4 ќе мора да почекаме после 2014.

xbox-one-screens

Втор Екран на X-Box ONE
За да можете да играте и на втор екран, односно да имате екстензија од тоа што го гледате или играте на TV и на таблет или телефон тоа можете да го сторите со апликацијата Xbox One Smart Glass. Поврзувањето уреди е лесно и едноставно без никакви проблеми се додека се на иста мрежа и рутерот дозволува уредите да комуницираат меѓусебно. Тоа значи дека уредот ќе може да го користите како тастатура за чет без да приклучувате тастатура преку USB. Се ќе зависи од играта што ја играте, може да ви прикажува мапа за полесно да се снајдете, или друг играч да надгледува воена мапа и да ви ги нагласува непријателите каде се наоѓаат (преку таблет), или едноставно ви помага со дронови кои ги контролира стратешки со допир на екран.

X-Box ONE Игри
Ако станува збор само за ексклузивни игри, а сакате да ја набавите конзолата сега, ќе се разочарате, бидејќи библиотеката е сиромашна. Станува збор за 6 наслови : Dead Rising 3, Killer Instinct, RYSE : Son of Rome, Crimson Dragon, Forza Motorsport 5 и NHL.  HALO и Titan Fall се одложени после 2014 година. Од насловите кои се достапни и на останатите платформи и можете да ги играте месецов се: Assassin’s Creed 4, Battlefield 4,  Call of Duty : Ghosts, FIFA 14, Skylanders Swap Force,  Powerstar Golf, Peggle 2, Need for Speed Rivals, NBA Live 14, NBA 2K14, LocoCycle, Lego Marvel Super Heroes и Fighter Within.

                                                                                                 

 

Претходна статијаQualcomm го најави Snapdragon 805
Следна статијаMicrosoft е во преговори за купување на Winamp ?