????????????????????????????????????

За првпат во Македонија, Макпетрол презентираше нов систем за автоматско препознавање на возила, Ултраматик кој овозможува  точно следење на извршените полнења во возилата и потрошувачка.

Спроведувајќи ги своите програми, Макпетрол,  секогаш ги става потребите на  клинетите на врвот на приоритетите, па затоа создадовме производ што дава значителни придобивки, овој пат, за своите деловни партнери – иматели на возен парк за службените возила“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Системот користи напредни технологии за брзо, функционално и транспарентно управување и известување, кој им овозможува на компаниите контрола на сите активности поврзани со полнењето на гориво во возилата од сопствената флота. Повеќе за системот Ултраматик – објасни Зоран Доневски, директор на дирекција за големопродажба.

Ултраматик претставува автоматски систем за полнење гориво кој вклучува и надворешно плаќање на наполнетото гориво во возилото преку електронско препознавање на возилото и конкретниот автомат за гориво на бензинската станица. Со вградувањето на овој систем преку приемниот безжичен уред за препознавање ќе им овозможиме на корисниците да добиваат во реално време податоци за тоа какво гориво е ставено во возилото, на која бензинска станица, во кое возило, точната количина на горивото и сметката за платеното гориво.

Преку овој ситем клиентите ќе можат да управуваат со флотата, да вршат непосредна контрола на наточеното гориво во возилата како и да вршат on line плаќање“ – се обрати Доневски.

Овој систем е инсталиран и јасно означен на 29 бензински станици, внимателно избрани од наша страна за да овозоможиме оптимален пристап на нашите потрошувачи на цела територија на Република Македонија. Самите уреди се јасно означени така што возачите уште на самиот влез на бензинската станица имаат јасен патоказ. Ултраматик системот гарантира дека секогаш ќе биде наточено гориво со врвен квалитет, точна количина и секако гаранција дека е наточено во вистинското возило.“- додаде Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Претходна статијаНачинот на пробивање на iPhone не е познат ни за властите и нема да биде доставен до Apple
Следна статијаПанамските документи – тензична и тешка операција која носи критика