locked-iphone-630x386

По неуспешниот обид да ги натераат Apple да се обидат да го отклучат iPhone-от на еден од терористите од Сан Бернардино, FBI истото успеа да го направи со странска компанија чии идентитет не се открива.

Неофицијалните информации говорат дека отклучувањето е направено од страна на израелската компанија Cellebrite, но властите во САД одбиваат да ги потврдат.

Според најновите информации кои доаѓаат од владата во САД, тие или било која од владините институции не го поседуваат начинот на којшто бил отклучен телефонот, па поради тоа и не би можеле да го откријат на Apple.

Начинот на пробивање на заштитата го има приватната компанија, а наводно до истиот никој нема пристап освен тие.

Разбирливо од Apple би сакале да го знаат начинот поради можноста да го затворат искористениот пропуст во нивниот софтвер. На овој начин останува можноста пропустот да продолжи да се искористува од тие коишто ја имаат информацијата за него.

Иако знаеме дека ништо не е 100% сигурно и безбедно, сепак фактот што една приватна компанија успешно ја има пробиено заштитата на iPhone, додава дополнителна тема во дискусијата за енкрипција на личните податоци. Оваа тема стана една од најпознатите, барем на запад, по откритијата од Едвард Сноуден, но и други, за тоа дека властите се можеби најголемите нарушувачи на приватноста на корисниците.

Извор: VB

Претходна статијаKeezel е пренослив уред кој го прави сурфањето на јавни Wi-Fi мрежи целосно безбедно
Следна статијаМакпетрол го претстави Ултраматик – паметно решение за автоматско препознавање на возилата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.