DESIGN_Color__Trim_01

Развојот на автомобилските системи кои што овозможуваат помош при возењето, па се до самоуправување е нешто што полека станува дел од повеќето поголеми производители, па и компании кои што не се дел од оваа индустрија. Можеби најпознат самоуправувачки автомобил е тој од Google, кои што на почетокот од неделата го претставија првиот целосно функционален прототип.

Развојот на оваа технологија постепено ќе овозможува воведување на системи за безбедност во автомобилите кои што ќе бидат наменети да се вклучат во ситуации кога возачот не е во состојба да го направи истото или едноставно ја нема забележано опасната ситуација.

Целосно самоуправувачките автомобили сепак ќе поминат повеќе години додека станат масовно користени, па на почеток можеби ќе почнеме да ги гледаме во одредени ситуации во неколку градови во светот.

LG и Mercedes-Benz решија да склучат договор со кој што тие ќе ги споделат системите на кои што работат, а се поврзани со развојот на автоматизирани системи за управување на возилата. Истите ќе можат да се користат во идните модели од овој производител за помош при возењето, како и за целосно самоуправувачки возила подоцна.

Технологијата која што ја развива LG, а може да се најде како доста корисна за ваквите системи во автомобилите се состои од камери, алгоритми и другите системи кои што веќе се развиваат од страна на делот од компанијата за истражувања и развој. Системот кој што е составен од повеќе камери овозможува автоматско кочење, одржување на лентата на возење, препознавање на сообраќајни знаци и слично.

Од страна на Mercedes-Benz ќе биде дозволен пристап до нивната 6D технологија која што овозможува прилагодување на брзината на возилото врз основа на информациите кои што ги добива за состојбата пред него.

Покрај посебниот систем од камери кои што го развиваат од LG, тие работат и на систем кој што ја следи состојбата на возачот. Ова е доста важно за еден систем кој што треба да овозможи помош во одредени ситуации, па следењето на положбата на возачот, неговото внимание и слични информации е нешто кое што може да овозможи навремено негово вклучување.

Уште еден систем на кој што работат од компанијата е систем за паркирање кој што овозможува целосна прегледност на околината на возилото, како и помош при паркирање.

Извор: LG, The Verge

Фото: mercedes-benz.com

Претходна статијаКонцепт за нов вид на фрижидер кој не троши енергија
Следна статијаXiaomi Mi 5 ќе биде претставен на CES 2015 и ќе вклучува екран направен од сафир?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.