Bio-Robot-Fridge-1

Според некои истражувања, фрижидерот зема околу 8% од потрошувачката на домашната енергија. Неговиот дизајн и концепт на работа не се имаат воопшто променето од почетокот на претходниот век кога првите фрижидери со фреон се измислени и ставени во пракса. Но после еден век веројатно е време наново да се промисли дизајнот на ладилниците.

Со таква идеја настапил и рускиот инженер Јуриј Димитриев, кој е еден од финалистите на натпреварот од Електролукс Дизајн Лабораторијата со својот дизајн за фрижидер. Неговиот дизајн се базира на рамка во која има гел од биополимер и кој служи за задржување на храната и… тоа е тоа. Нема мотори, нема течности за ладење, нема механизам и не троши електрична енергија за вршењето на основната функција – ладење. Енергија се троши само за контролната табла со екран.

Принципот на работа е следен: храната се сместува во гелот кој не се лепи, нема мирис и кој ја менува својата форма да се приспособи на вметнатите предмети. Гелот ги држи заробени предметите и ги лади, така оневозможувајќи да се расипат, слично на стандардниот фрижидер. Овој фрижидер може да се постави хоризонтално, вертикално, косо па дури и горе на таванот и да продолжи да ја врши својата функција.

Ваквиот концепт се` уште не е остварен, но кога ќе се оствари ќе придонесе за подобрување на концептот на фрижидерот во домаќинството и намалување на трошоците преку претставување на зелени, самоодржливи технологии. На следниот линк можете да го видите овој и другите финалисти на натпреварот: Електролукс Дизајн Лабораторија финалисти.

Извор: Inhabitat

Претходна статијаХелсинки – градот кој можеби ќе стане бисерот на урбаното живеење до 2050
Следна статијаLG ќе го изработува системот на камери за самоуправувачките автомобили од Mercedes-Benz