Пазарот на таканаречени „дискретни“ графички картички, а со тоа и главниот избор за гејмерите веќе одамна го држат двајца производители, Nvidia и AMD. Не дека овие два производители не си ја вршат добро работата, меѓутоа кога во нешто има само двајца конкуренти, секогаш е добро ако може да се приклучи уште некој.

Intel најави дека тие се приклучуваат на овој пазар со претставување на сопствена дискретна графичка картичка во 2020 година. Оваа информација ја сподели Intel преку нивниот Twitter профил најавувајќи го Раџа Кодури како нов главен архитект во компанијата на чело на новоформираниот сектор во компанијата наречен Core and Visual Computing Group.

Кодури доаѓа во Intel од конкурентот AMD каде има работно баш на развојот на Radeon графичките картички, па јасно е зошто е преземен од Intel.

Повеќе информации за тоа какви перформанси и карактеристики може да се очекуваат од овие картички нема, а со оглед на периодот кога може да се очекува нивното претставување, ќе причекаме сепак уште малку. Неофицијалните информации говорат дека можно е нивно прикажување идната година на CES 2019, кога и би ги добиле најзначајните информации кои ќе ни покажат во кој правец планира да се движи Intel.

Инаку, Intel веќе има искуство во изработка на графички картички. Во нивните процесори тие вградуваат и графички картички, меѓутоа ова ќе биде првпат да почнат со развој на посебни, односно независни од процесорот картички.

Кога ќе се земе во предвид за која компанија се работи, сигурно можеме да бидеме сигурни дека тоа што ќе биде претставено ќе придонесе за сериозна конкуренција, а како и секогаш, на крајот најмногу добивка ќе имаа крајните корисници.

ИЗВОРPC World
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаGoogle ја пушти веб верзијата од Messages заедно со неколку други новини на апликацијата
Следна статијаДоналд Трамп официјално го најави формирањето на „Space Force“ како шеста бранша во американската армија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.