intel-capital

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ

  • Сега во шеснаесетата година, глобалниот самит на Интек Капитал собра повеќе од 1000 претприемачи, бизнис лидери и извршни менаџери од индустријата за поврзување и градење на компании.
  • Интел Капитал очекува да инвестира повеќе од 500 милиони долари во технолошки компании оваа календарска година, повеќе од 359-те милиони долари во 2014.
  • Прес конференција одржана од претседателот на Интел Капитал Арвинд Содари и новиот претседател на Интел Капитал Вендел Брукс ќе може во живо да се следи на intel.com/newsroom/globalsummit во вторник, 3-ти ноември во 10:30 a.m. PST.
  • Објавени победниците од „Претприемач на годината“ на Интел Капитал.

Сан Диего, 3-ти ноември, 2015 – Интел Капитал, глобалната инвестициска и М&A организација на Интел корпорацијата денес на глобалниот самит на Интел Капитал објави нови инвестиции во 10 стартапи со вкупна вредност од 22 милиони долари. Од новите решенија за безжично полнење (Chargifi*) до нови моќни начини за дигитално моделирање на човечкото тело (Body Labs*) и повеќе, компаниите се приклучуваат во портфолиото на Интел Капитал како пионерски иноватори низ широк спектар на технологии.

„Со денешните инвестиции, достигнавме 490 милиони долари за оваа година, надминувајќи ги минатогодишните 359 милиони долари.“ кажа Вендел Брукс, корпоративен потпретседател и следниот претседател на Интел Капитал. “ Очекуваме да се затвори оваа година со околу 500 милиони долари за финансирање на стартапи – една од најсилните години на организацијата било кога.“

Денешната изјава го отвори овогодинешниот глобален самит на Интел Капитал во Сан Диего. Сега во својата 16-та година, овој настан во индустријата на капитал вмрежува повеќе од 1000 основачи, извршни директори, иноватори и поттикнувачи на промени на два дена разговори, поврзување, учење и инспирација.

„Тоа што го издвојува Интел Капитал од останатите е начинот на кој нашата глобална мрежа ја движи иновацијата низ широк спектар на технологии.“, изјави Арвинд Содани, извршен потпретседател и досегашен претседател на Интел Капитал. “Додека се припремам да се повлечам после 35 годишна кариера во Интел, се гордост кажувам дека сме изградиле една од најголемите, најуспешните и највлијателни инвестициски групи на планетата.“

Во своето воведно обраќање, Содани ја претстави првата награда на Интел Капитал за претприемач на годината на Кевин Рид и Родни Роџерс, ко-основачи на Virtustream. Оваа награда ги потврдува нивните способности за градење на стартап од гаражата до вредност од 1.2 милијарди долари за помалку од шест години.

Повеќе детали за нови инвестиции, кои доаѓаат од пет држави:

Нови комуникации

FreedomPop* (Лос Анџелес, Калифорнија, С.А.Д.) овозможува мобилни сервиси за никој да не остане надвор од „поврзаната мрежа“. Лансиран во 2012, FreedomPop одново ги пишува правилата во телеком индустријата во Америка, нудејќи им на потрошувачите пристап до брз и бесплатен интернет и сервиси за мобилни уреди во државите.

LISNR* (Синсинати, Охајо, С.А.Д.) е креаторот на Smart Tones, нов комуникациски протокол што праќа податоци преку аудио користејќи висока фрекфенција и нечујна технологија. Тоа е дигитален звучен фајл кој го претвора секој звучник во нов комуникациски протокол. LISNR е последната компанија од портфолиото што добила инвестиција од Интел Капитал Diversity Fund вреден 125 милиони долари.

Sckipio* (Рамат Ган, Израел), лидер во „G.fast“ модеми, е првата компанија која објавува и испорачува комерцијални „G.fast“ чипсети кои ќе испорачаат до 1Gbp/s брзина преку постоечките бакарни конекции преку „последната милја“ до домот.

what3words* Лондон, Велика Британија) е наградувана платформа што им овозможува на луѓето да најдат локација попрецизно, полесно и со помалку информации од ГПС или поштенски кодови (што не постојат во многу држави). what3words работи долж платформи, може лесно да се интегрира во други апликации и претставува голема предност за поголема ефикасност на бизнисите.

Технологијата околу мене

Body Labs (Њујорк, Њујорк, С.А.Д.) собира, дигитализира и организира податоци и информации поврзани со обликот на човековото тело, држењето, како и движењето. Нивната мисија е да се трансформира човековото тело во дигитална платформа врз основа на која можат да се дизајнираат, произведуваат, купуваат и продаваат производи.

Microprogram Information* (Таичунг, Таиван) е провајдер и нуди решенија за интернетот на нештата со кои се овозможуваат решенија за хардвер и софтвер за информациски менаџмент за изнајмување на велосипеди, такси возила, системи за мобилна продажба и други.

Perfant Technology* (Пекинг, Кина) развива имиџинг и видео технологии за вештачки интелигенции, машини, 3D реконсктрукција и виртуелна реалност. Новата панорамска камера на Perfant, eyesir*, може да се употребува во туризмот, авијацијата, виртуелната реалност, паметни домови, недвижнини, медиуми, венчавки, спортски и други настани.

Стари проблеми, нови решенија

Chargifi (Лондон, Велика Британија) е мрежа за безжично полнење и платформа за подобрување на секојдневните искуства на луѓето. Од кафетерии до хотели, ресторанти, канцеларии и аеродроми, „Chargifi Spots” формира интелигентна мрежа давајќи им на луѓето пристап до енергија за полнење на мобилни уреди кога најмногу им е потребна.

KMLabs* (Болдер, Колорадо, С.А.Д.) е произведувач на компактни, ултра-брзи напредни ласерски системи за истражување и индустриски апликации, вклучувајќи мулти-фотон имиџинг, спектроскопија, ОСТ, THz-generation, CEP, мик, coherent soft X-Ray, микромашини и генерирање EUV пулс. Ова е единствениот комерцијален добавувач на кохерентни “tabletop x-ray laser” извори на светлина. Компаниските фемтосекунда (еден квадрилион од секунда) ласерски системи и Ti:sapphire ласерите нудат невидени досега решенија за индустриска метрологија, имиџинг и карактеризација на материјали.

Prieto Battery* (Форт Колинс, Колорадо, С.А.Д.) е 3D напреден батериски провајдер фокусиран на комерцијализација на патентирана литиум-јонска батериска технологија што обезбедува трасформирачки перформанси за компетитивна цена користејќи нетоксични материјали со можност да се приспособуваат на различни форми. Овие батерии од следната генерација со дебелина на лист хартија, можат да се полнат побрзо и да складираат двапати повеќе енергија од конвенционалните батерии без да се прегреат.

Како дополнување, Интел капитал објави дека Parallel Machines, компанија во ран стадиум, фокусирана на обезбедување на високо-оптимизирани околини за напредни предвидувачки анализи и учење на машини, се приклучува во портфолиото. Компанијата, со канцеларии во Тел Авив, Бостон, Калифорнија и Сиетл, основана во 2014 од страна на познати претприемачи со позадина од дистрибуција на компјутинг, системско програмирање, учење на машините и математички статистики.

За првпат, овогодинешниот глобален самит нуди претставување на веќе постоечки компании од портфолиото на Интел Капитал и објавуваат нови производи. Тие се:

  • Altia Systems, го демонстрираше PanaCast, првото персонално панорамско 4К видео искуство за Intel® Unite™ со поле од 180 степени што им овозможува на партиципантите да се „свртат“ во живо користејќи едноставни тактилни контроли.
  • Avogy, производител на Zolt Laptop Charger Plus – најмалиот и најлесен полнач за лаптоп во споредба со традиционалните тешки „цигла“ полначи кој дополнително овозможува полнење на два мобилни уреди – овој уред ќе биде достапен по 17-ти ноември.
  • Braigo Labs, основан од 14 годишен претприемач за да го донесе Braille најсиромашните држави во светот;
  • Fortscale, следна генерација „cybersecurity“ услуги; претставување на Fortscale 2.0, надградба на наградуваните решенија што резултира со неспоредлива можност за таргетирање и елиминирање на внатрешни закани.
  • Two Bit Circus, основан од синот на легендата од Силициумската долина Нолан Бушнел за да ги инспирира младите иноватори преку хај-тек, интерактивни забавни искуства користејќи ја Intel® RealSense™ технологијата.

За детали околу овие нови производи, посетете го Intel newsroom на www.intel.com/newsroom/globalsummit.

Овогодинешниот настан вклучува истакнати говорници, како Бет Комсток, потпретседател на GE и претседател и извршен директор на GE Business Innovations; Том Рајли, извршен директор на Cloudera; и Падмасри Вориор, советник за стратегија во Cisco.

“Како што ни покажуваат овие возбудливи инвестиции и нови производи, Интел Капитал е посветен на наоѓање на иновации ширум светот и помагање на претприемачите да напредуваат,“ заклучи Брукс. „Моќта на технологијата на Интел во светот е предност која не може да ја има ниеден друг инвеститор.“

За Интел Капитал и глобалниот самит

Глобалниот самит е еминентен настан во индустријата. Овогодинешниот самит собра повеќе од 1000 регистрирани учесници од портфолиото компании на Интел Капитал; Глобални партнери и потрошувачи на Интел, како и лидери од индустријата од целиот свет. Овогодинешниот Интел глобален самит е спонзориран од Accenture; Credit Suisse; Gibson, Dunn & Crutcher; IBM; KPMG; Crystal & Company; Владата на Canada; Kingsley Gate; NASDAQ; Needham & Company; Silicon Valley Bank; и TriNet.

За Интел Капитал

Интел Капитал, глобална инвестициска и M&A организација на Интел, инвестира во иновативни стартап технолошки производи и технологии низ целиот свет. Интел Капитал инвестира во широк спектар на компании кои нудат хардвер, софтвер и услуги насочени кон претпријатие, мобилност, потрошувачки интернет, дигитални медиуми и производство на полупроводници. Од 1991 година, Интел Капитал има инвестирано повеќе од 11,6 милијарди долари во повеќе од 1400 компании од 57 држави. Во таа временска рамка, 213 компании излегле со акции на различни берзи во светот и 377 биле купени или вклучени во спојувања. За повеќе информации за она што го прави Интел Капитал еден од најмоќните светски фирми за капитал, посетете ја страницата www.intelcapital.com или следете го @Intelcapital.

Претходна статијаКомпјутери со Windows 7 достапни уште една година
Следна статијаSurface Book е скоро невозможно сами да го отворите и поправите