win-7-desktop

Слабата популарност на Windows 8 си го направи своето. Microsoft ќе продолжи да им го продава Windows 7 Professional на производителите на компјутери уште цела година. Тоа значи дека до 31-ви октомври 2016 година корисниците ќе можат да купат нов компјутер кој што доаѓа со Windows 7 пред инсталиран на него.

Интересно, ова е истата дата до која што ќе биде достапен Windows 8.1 за производителите, а 8-цата ќе престане да се нуди на 30-ти јуни истата година.

Верзиите на Windows 7 наменети за домашните корисници престанаа да се нудат за производителите минатиот октомври. Pro верзијата сепак беше продолжена подолго време од обично, најмногу поради слабата популарност на новата верзија на Windows која што требаше да го замени 7.

Поддршката за основни и безбедносни надградби за 7цата ќе има до 2020, кога овој оперативен систем официјално ќе замине во историјата.

Целата на Microsoft е да овој пат нема ситуација како со XP, па повеќето корисници да се префрлат на новата верзија, односно Windows 10, која што покажува дека сигурно нема да ја доживее судбината на Windows 8.

Според најновите информации, Windows 10 е инсталиран на повеќе од 110 милиони компјутери, а Microsoft од идната година ќе ги засили информативните известувања кои што ќе треба да ги мотивираат корисниците да ја инсталираат надградбата.

Да потсетиме, сите корисници на легален Windows 7 или понов, имаат можност до идното лето да го надградат својот систем на Windows 10 бесплатно.

Извор: Microsoft, PCWorld, TechnoBuffalo

Претходна статијаMicrosoft го откажа неограничениот простор на OneDrive и го намали бесплатниот од 15 на 5 GB
Следна статијаИнтел Капитал се ближи кон половина милијарда долари инвестиции во 2015 со новите зделки објавени на годишниот глобален самит
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.