iss-earth

Можноста за гледање на Земјата во живо е овозможена преку неколку HD камери кои што се поставени на одредени делови од Меѓународната Вселенска Станица. Тие се дел од проектот наречен HDEV – The High Definition Earth Viewing, односно Гледање на Земјата во висока резолуција.

HDEV системот е активиран минатата година, поточно на 30-ти Април 2014. Поставен е на дел од модулот на Европската Вселенска Агенција ЕСА. МВС е составена од повеќе модули кои што се направени од различни вселенски агенции.

Проектот вклучува 4 комерцијално достапни HD камери кои што се поставени во посебна контролирана околина. Целата на поставувањето на овие камери е тестирањето на видео квалитетот во вселената врз основа на кој што ќе може да се одлучи какви камери да се користат за идни мисии.

Овие камери овозможуваат 24/7 видео стриминг во живо од кој што се гледа нашата планета. Поради промената на тоа која камера е прикажана, како и доаѓање на темната страна од планетата, видеото во одредени ситуации може да изгледа како да нема ништо.

Во продолжение можете да го гледате стримингот во живо од нашата платена.

Broadcast live streaming video on Ustream

Извор: NASA

Претходна статијаНов уред овозможува безболно примање инјекции
Следна статијаРоботски егзоскелети за суперчовечка моќ на работниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.