daewoo-robotic-suit-e1429779331953

Веројатно сите ние сме се сретнале со „примероци“ од егзоскелети, најчесто во научно-фантастични филмови или книги. Тие претставуваат метална структура која се носи на телото од страна на корисникот и му овозможуваат зголемување на неговата сила и издржливост до скоро суперчовечки граници.

Егзоскелетите се веќе стварност, но се` уште не се во општа употреба. Досега имаше модели кои разни државни агенции ги развиваа за воени цели. Daewoo од Кореа, пак, претходната година почна со тестирање на работнички егзоскелети на нивните бродоградилишта. По се` изгледа тие се задоволни од нив па одлучија да ги користат уште повеќе во нивниот производствен процес.

Ваквите скелети им овозможуваат на работниците олеснето да работат со тешки и незграпни објекти направени од метал кои инаку не би можеле да ги подигнат сами, па дури ни со повеќе луѓе. Како што можете да видите на сликата, самиот егзоскелет кај работникот има магнетен држач со кој може да се подигаат тешки метални предмети. Дополнително, тој самиот се одржува и потпира, што значи дека не се ослонува на корисникот и не го оптоварува. Корисникот само треба да ги смести своите чевли во „ногарките“ на егзоскелетот, а потоа непречено да се движи со помош на електромоторите и хидрауликата.

Може да се очекува уште поголема употреба на ваквите помагала кои ќе им дадат на идните работници и војници суперчовечки моќи и ќе ги направат поиздржливи во иднина на работното место и на военото поле.

Извор: Discover Magazine, New Scientist

Претходна статијаГледајте ја Земјата во живо преку HD камерите на Меѓународната Вселенска Станица
Следна статијаGoogle со промени во алгоритамот за пребарувањата преку мобилен