mobile-users

Google веќе одамна го промени начинот на кој што луѓето наоѓаат информации, а можевме да прочитаме и како тоа може негативно да влијае, па да мислиме дека сме попаметни и позапознаени со некоја тема отколку што навистина сме.

Се повеќе луѓе во светот користат некој од огромниот број на достапни паметни телефони и со тоа поголемиот број од едноставните задачи се извршуваат преку нив. Оваа ситуација придонесе да бројот на пребарувања направени преку Google, порасне значително од мобилните уреди.

Поради тоа, Google направи измена на алгоритамот за мобилните пребарувања и тој сега ќе ги приоретизира веб страните кои што се прилагодени за прегледување од мобилните уреди, односно се mobile friendly.

За одредена страна да се оцени како погодна за мобилните таа треба да има дизајн и структура кои што се прилагодуваат соодветно на големината на екранот, односно да имаат таканаречен responsive дизајн. Исто така, се зимаат во предвид и брзината на отворање на страна на мобилните.

Покрај овие фактори, алгоритамот на Google ќе ги зима во предвид и големината на фонтот на страната, можноста таа да се чита без зумирање, поставеноста на текстот на екранот, можноста за лесно притискање на линковите и слично.

smart-mobile-friendly

Доколку сакате да проверите дали вашата страна е mobile friendly тоа можете да го направите преку тестот направен специјално за оваа намена од Google преку следниот линк. Се што треба да направите е да ја внесете адресата од вашата страна, па ќе добиете резултати за неколку секунди.

Извор: Google

Претходна статијаРоботски егзоскелети за суперчовечка моќ на работниците
Следна статијаКако би изгледала Земјата доколку целиот мраз на неа се стопи?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.