aero

Иако сегашнте авиони имаат многу системи за заштита, навигација и спречување на несреќи, повеќето од системите не можат да влијаат директно на авионот да го спречат од рушење. Бидејќи автономни летови на авиони со патници се’ уште не се дозволени, директно преземање контрола врз авионите е се’ уште табу тема.

Но, покрај многуте несреќи во последниот период, повеќето од пилотска грешка или како терористички акти, развиена е технологија која ќе го спречи авионот од намерно рушење. Односно, технологијата ја презема контролата на леталото од пилотите со цел да ја спречи несреќата. Оваа технологија е веќе во употреба во американските воени авиони.

Automatic Ground-Collision Avoidance System (Auto GCAS) е развиен од страна на Американските Воздухопловни Сили, NASA, и Lockheed Martin, и е во изработка и подобрување веќе 35 години. Пуштен е во употреба од Октомври 2014.

Практично тоа е софтверско надоградување на дигиталниот компјутер за контрола на летот и опремата за напреден трансфер на податоци. Штом е вграден, софтверот ја надгледува висината, насоката и брзината на леталото, и штом тие параметри покажат дека така би се случила несреќа се активира маневар од страна на автоматскиот пилот за да се врати авионот во сигурен лет.

Сега за сега системот може да биде исклучен од страна на пилотот, што практично може да биде исто како да го нема системот. Но се надеваме дека ќе биде изменет со цел да се заштити авионот и од пилоти со самоубиствени намери.

Извор: Wired

Претходна статијаОпасноста од внесување многу сол можеби и не постои
Следна статијаНе сме толку паметни колку што мислиме