495528671

Психолозите на Yale направиле истражување во кое се обидуваат да докажат дека луѓето кои се потпираат на податоци што ги имаат на располагање користејќи интернет мислат дека се попаметни од тоа што покажува реалноста.

Извештајот објавен во Journal of Experimental Psychology, вели дека во експеримент направен повеќе пати врз групи од 1.000 учесници, резултатите покажуваат дека луѓето што го користеле интернетот за да истражат одредена тема почесто тврделе дека се разбираат и во друга тема која не е поврзана со претходната. Практично ако истражите една тема на интернет, добри се шансите дека ќе мислите дека знаете сe` што треба за друга тема, иако не сте истражиле ништо за таа.

Френк Кејл, професор на Yale, тврди дека лесниот пристап до информациите го присилува мозокот да ги смета тие информации како информации кои веќе ги знаеме, и со тоа да мислиме дека знаеме многу повеќе од тоа што навистина го знаеме во реалноста.

Иако е доволно тешко да се достигне прецизно знаење со начинот на кој функционира нашиот мозок, интернетот го отежнува тоа уште повеќе.

Извори: Engadget, Futurity

Претходна статијаТехнологија што можела да го спречи паѓањето на германскиот авион
Следна статијаRedstone е новото кодно име на Windows за надградбата во 2016?