salt-preachersinstituteDOTcom

Колку пати досега сте прочитале или слушнале некаде дека внесувањето на „премногу“ сол може да влијае негативно на вашето здравје? Во главно се работи за поврзаноста на солта со високиот крвен притисок, односно, според наодите на неколку студии досега луѓето кои намалиле внес на сол во исхраната им се намалил просечниот крвен притисок.

Препораките за намалување на внесот на сол доаѓаат поради логиката дека висок крвен притисок често води кон срцеви болести и заболувања, па оттаму логично е да ги намалите факторите кои влијаат на зголемување на истиот, а еден од нив е солта. Но, дали?

Во последно време се појавуваат се` повеќе истражувачи кои укажуваат на тоа дека внесот на сол нема потреба да се ограничува на препорачаните од максимум 2.300 милиграми (една кафена лажица), па дури и дека си правиме штета на организмот ако се држиме премногу стриктно до ваквите препораки.

Според Ендру Менте, од МекМастер Универзитетот од Канада кој учествувал во голема студија во 2014 година во New England Journal of Medicine, „Веќе не постои валидна основа за сегашните препорачки за внес на сол. Зошто тогаш се` уште ги плашиме луѓето во врска со солта?“. Според овие научници, внесувањето на помалку од 3 илјади милиграми сол на ден може всушност да доведе до повеќе срцеви заболувања, што е директно контра сознанието кое го имавме досега.

Регулаторите на исхраната и јавното здравје во разните држави во светот засега се држат на препораката да се јаде помалку сол од што редовно се јаде, но бројот на научници кои скренуваат внимание на овој проблем расте. Оттаму, би било за очекување да се направи ревизија на препораките за внесување сол во блиска иднина како би ги одразиле новите наоди во оваа област. Засега ние би ви препорачале да внесувате околу 3.000 милиграми сол на ден, па така да се поклопите и со двете страни на приказната.

Извор: Washington Post, Science Alert

Претходна статијаНова, побезбедна батериска технологија која овозможува супербрзо полнење
Следна статијаТехнологија што можела да го спречи паѓањето на германскиот авион