Андријана Богдановска

12.1.2015, Скопје- Компанијата Knowledge Center денеска одржа работна средба со 10 универзитети, истражувачки центри, невладини организации, студентски организаци, како и здружението на бизнис жени со кои има потпишано Меморандум за соработка, на која беа презентирани досегашните резултати од спроведувањето на проектот Aim@Innovations поддржан од Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) и австриската Агенција за развој преку повикот КЕП Австрија 2014.

Крајна цел на овој проект, кој започна пред едена година, е да се зголеми иновативниот капацитет на македонските компании.

Со спроведувањето на опсежно истражување за состојбата со иновативноста во македонската економија како и со неодамна одржаниот Innovation Boot Camp во Скопје, на кој што 25 македонски мали и средни компании се запознаа со основите на иновациски менаџмет, како и финансирање и маркетирање на иновативни проекти нашата компанија даде значаен придонес кон зајакнување на националните капацитети за поддршка и обука во областа на иновации. Веруваме дека сме на вистинскиот пат затоа што истражувањето кое го спроведовме во периодот декември 2014 – февруари 2015 година покажа дека половина од иновативните активности или проекти отпочнати во периодот помеѓу 2010 и 2013 година биле напуштени во почетната фаза на реализација или пак биле сериозно одложени. Тоа за нас е знак дека на компаниите кои имаат иновативни идеи им е потребна поддршка, која во иднина ќе можат да ја добијат во i-Lab“, вели Андријана Богдановска Ѓуровиќ, основач и директор на Knowledge Center.

Проектот продолжува со воспоставувањето на Центар за иновации (i-LAB) во Македонија, и негово позиционирање како главен национален центар за управување со иновации. Целта на овој центар е да прерасне во место каде компаниите ќе добијат поддршка во форма на информации и консалтинг, во форма на обуки, како и на ревизија на иновации.

Повеќе информации за центарот на www.theknowledge-center.com и www.i-lab.mk.

Knowledge Center е компанија од областа на истражување, проект менаџмент, управување со знаење и стратешки менаџмент. Актуелен проект во овој период е АУКЦИСКИ ТИГАР, прва онлајн аукциска куќа за недвижности на Балканот, која доби поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија.

Претходна статијаRevols – Конечно слушалки вредни за парите
Следна статијаЗголемен бројот на барања до Facebook за кориснички информации или тргање на објави