Converted_file_f3f1fc9b

Сигурно многу пати до сега сте доживеале агресија, па дури и депресивна епизода кога сте се обидувале да се скрасите со слушалките кои дојдоа со вашиот телефон… Дури и ако сте купиле поскапи слушалки со цел да слушате квалитетно, најчесто се далеку од совршени во увото, создавајќи тензија или пак паѓаат при трчање…

Слушалките денес не се најдобрата страна од развитокот на технологијата, може да се каже. За среќа се појавија Revols. Се работи за Kickstarter проект кој бара вложување во идејата за специјално-направени слушалки само за вашите уши.

Технолгијата е едноставна (на прв поглед) и се состои од специјален гел кој кога ќе ги купите е мек и прилагодлив. Ги сместувате слушалките во увото, а гелот ја завзема совршената форма на вашето надворешно и средно уво. Потоа го започнувате процесот на затврднување. По само 60 секунди гелот е стврднат и слушалките се подготвени за користење било каде!

Апликацијата која доаѓа со нив има опција да контролира ниво на внесување надворешен звук преку двата микрофони поставени во секоја слушалка, да контролира гласнина, прилагодување на звукот преку EQ и слично.

Со Revols ќе имате комфорно користење и слушање музика или аудио книги дури и во гласни околини како градилишта или автобуси бидејќи го затвораат увото и го изолираат, а технологијата ќе може да се користи и за создавање на одлични тампони за уши.

Звучникот пак е создаден од ONKYO, јапонска компанија фокусирана на аудио и видео техника.

Се` на се`, Revols се правиот избор за аудио професионалци, аудиофили и сите кои сакаат да одморат од светот со некоја прекрасна композиција. Кампањата ја надмина целта од 100.000 долари за само 3 дена доаѓајќи на дури 428.018 долари во моментов. Ако сакате да си нарачате еден пар сега ќе ве чини 199 долари.

Извор: The Verge, Kickstarter: Revols

Претходна статијаARM претстави специјален 64-битен Cortex-A35 чип за паметните часовници
Следна статијаОфицијално лансирање на Центарот за иновации i-Lab