Shutterstock.com

Google веќе одамна е под притисок на ЕУ со обвинување дека има монополска позиција на пазарот на пребарувачи, а во иста ситуација веќе се наоѓа и во САД. Во основа, институциите имаат проблем со фактот дека Google склучува договори со големи компании Google Search да биде главниот пребарувач на нивните уреди.

Познати се повеќе такви договори, како на пример со Samsung, Mozilla, а тука се и Apple за кои се верува дека им се исплаќаат повеќе милијарди долари годишно.

Поради можноста да Google биде натеран да ја изгуби оваа своја практика и позиција, односно да компаниите веќе не можат да го ставаат како главен пребарувач, нешто што во ЕУ веќе е променето, повторо излегуваат информации дека Apple се спрема да пушти сопствен интернет пребарувач.

Информациите доаѓаат од Financial Times кои тврдат дека има се повеќе докази кои укажуваат на тоа дека само прашање на време е кога ова ќе се случи, а тука е и преземањето на вработен во Google, како главен на пребарувачот, пред две години.

Би сакале да кажеме дека интернет пребарувач од Apple ќе биде добра работа за пазарот, но знаејќи ги, тој најверојатно ќе биде достапен во главно за корисниците на нивните производи, односно тие ќе имаат некаква предност, па останатите ќе им биде подобро да си останат на Google.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаРСБСП: Засилените сообраќајни контроли се нужни за поголема безбедност во сообраќајот
Следна статијаАЕК ќе спроведува меѓународна физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.