При крајот на минатиот месец беше најавено од страна на Google дека наскоро ќе почнат да ги известуваат корисниците од Европската Унија, дека имаат избор од повеќе интернет прелистувачи и пребарувачи, покрај тие од Google.

Причината за ова е казната од страна на Европската Комисија во висина од 5 милијарди долари, предизвикана поради тврдењата за монополско и нефер однесување на Google преку нивниот Android оперативен систем и партнерите.

Известувањето на корисниците ќе започне наскоро, а страната и формата за истото е веќе спремна и ќе биде дел од Play Store. Google го прикажа известувањето, односно како тоа ќе изгледа и каков избор ќе нуди.

Како што може да се види од сликите, Google Search и Google Chrome и понатаму ќе доаѓаат прединсталирани со Android, меѓутоа при првото отворање на Play Store корисниците ќе им биде прикажан избор од дополнителни 4 прелистувачи и пребарувачи.

Листата ќе биде составена според популарноста во регионот каде живее корисникот, а ќе апликациите ќе бидат прикажани во измешан редослед.

Google исто така ќе им понуди линк со помош за тоа како да ги прилагодат овие апликации, а исто така ќе им понуди промена на стандардниот пребарувач во Google Chrome.  

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаFacebook работи на развој на сопствен дигитален асистент?
Следна статијаДостапен Ubuntu 19.04 „Disco Dingo“ со подобрувања во десктоп околината и Linux Kernel 5.0
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.