Windows 10 веќе има дел наменет за поврзување на мобилен телефон со оперативниот систем, меѓутоа не многу корисници го знаат, а уште помалку го користат. Причината за тоа е што опцијата е „скриена“ во Settings делот, потребно е користење на Cortana, а од мое искуство, не секогаш функционираат работите кои се истакнати.

На пример, кога користев Windows Phone известувањата од телефонот се прикажуваа на десктоп компјутерот, меѓутоа истото не успеав да го профункционирам со Android телефонот, барем не како што би сакал.

Како и да е, Microsoft ќе овозможи ново решение кое од тоа што можеше да се види од најавата, ќе биде функционално и навистина корисно. Се работи за посебна апликација која ќе биде интегрирана со оперативниот систем која ќе овозможи поврзување со Android и iOS телефони.

Она што оваа апликација која е наречена Your Phone, ќе го овозможи е разгледување и префрлување на слики и фајлови од мобилниот на компјутерот, гледање на сите известувања кои пристигаат на телефонот, како и гледање и испраќање на пораки.

На кој начин ќе се изведе поврзувањето уште не е истакнато, а се надевам дека нема да биде преку „облакот“ на Microsoft, туку преку локалната Wi-Fi мрежа.

Достапноста на оваа апликација ќе овозможи да не мора да го чепкаме телефонот додека сме на нашиот компјутер, а сепак да останеме поврзани и во тек со се што се случува на уредот.

Your Phone наскоро ќе стане достапна за Windows Insider корисниците кои ќе може да ја тестираат. Се очекува истата да биде достапна во наредната поголема надградба на Windows 10 која треба да пристигне во есен, односно септември или октомври оваа година.

Јас лично се надевам дека ако се работи за апликација, дека истата ќе стане достапна преку Windows Store, па да не мора да ја чекаме истата до есен.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаДали сте подготвени да му плаќате на Facebook?
Следна статијаGIMP конечно ја претстави 2.10 верзијата од овој популарен едитор за слики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.