Тие што активно гледаат содржина преку Netflix сигурно знаат дека делот каде се прикажани започнатите филмови и серии, за брзо и лесно продолжување, некогаш знае да е преполнет и со содржина која не се планира да се гледа.

Има филмови и серии кои се почнуваат, но потоа се покажува дека не се интересни, но тие остануваат на листата за продолжување на гледање. Иако со започнување на друга содржина, другите се „буткаат“ подолу, односно во овој случај подесно, во листата, сепак тие може да пречат кога се разгледува таа листа и се бара што да се продолжи да се гледа.

Netflix веќе одамна нуди можност да некоја содржина биде тргната од листата, но процесот е некако доволно „долг“ за да повеќето сигурно се решаваат да не го прават. Потребно е најавување на Netflix преку веб, пожелно на компјутер, по што во прилагодувањата на сметката може да се отвори листата.

Тука е и вториот проблем, листата е долга зошто ги прикажува сите епизоди од сериите посебно, па некогаш е потребно доста барање за да се дојде до нешто што е гледано пред некоја недела само, за да се тргне од листата.

Сега тргањето на содржина од оваа листа станува наједноставно што може. На мобилните апликации се што треба да се направи е да се притисне на трите точки на содржината што се сака да се тргне и на да се притисне на „Remove From Row“.

Оваа нова можност е достапна на мобилната апликација од Netflix на Android и iOS, а доколку некој уште не ја гледа, треба многу скоро да му стане достапна.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаBuilding Software at Google Scale – втор настан од Google Developers Group – Skopje
Следна статијаПред нас е најважниот “SoMo Borac” – ” SoMo Borac 2020″
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.