Google веќе одамна се познати по тоа што претставија голем број на апликации за разговори, а повеќето од нив беа достапни паралелно, па корисниците не можат баш лесно да разберат која апликација за што е замислена, без подобро истражување.

Делува дека работите во тој правец конечно ќе се средат до одреден степен со конечно донесената одлука да се стави крај на Hangouts сервисот, а корисниците ќе бидат автоматски префрлени на Google Chat.

Оваа промена Google ја најави за идната година, но нема одредено точна дата, па се што може да се очекува дека промената ќе дојде во првата половина од 2021. Сите контакти од Hangouts автоматски ќе бидат префрлени на Google Chat, сервис кој ќе биде интегриран и во Gmail апликацијата.

Инаку, Google Chat е сервис за деловните корисници, дел од Google Workspace пакетот порано наречен G Suite. Наједноставно да се објасни може со споредба со Microsoft Teams или Slack, односно е апликација за разговори во која може да се прават и повеќе групи/тимови, со тоа што за разлика од другите, за видео конференции Google ја има апликацијата Meet. Мора да е нешто посложено кај Google како и да е.

Од идната година Google Chat се планира да стане бесплатна апликација, односно ќе им биде достапна и на корисниците надвор од претплатата за Google Workplace.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаФилип Насковски е македонскиот претставник на интернационалниот MOS натпревар и продолжува на светскиот натпревар во Орландо, Флорида
Следна статијаTikTok се обидува да го побие тврдењето за небезбедноста на корисничките податоци на нивните сервери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.