Shutterstock.com

До купување на TikTok сепак не дојде, иако доста сериозни компании беа во преговори, како Microsoft, а на крај требаше наводно да „победи“ Oracle заедно со Walmart. Борбата продолжи во судовите каде од компанијата се обидуваат да издејствуваат тргање на одлуката на Трамп за блокирање на сервисот во САД.

Директорот за безбедност на компанијата, во нови документи поднесени до судот во САД, се обидува да објасни дека тврдењата за нарушената приватност и безбедност на корисниците не се точни.

Проблемот со TikTok е што се тврди дека податоците за корисниците се лесно достапни за кинеските власти и дека компанијата без проблем им дава пристап до што и да побараат.

Од компанијата истакнуваат дека серверите на TikTok не се во Кина, туку во два дата центри, едниот во Сингапур, другиот во кинеска компанија во САД. Тоа што посебно го истакнуваат е дека компанијата во САД само им го изнајмува просторот, но серверите и податоците не можат да бидат пристапени од нив.

Исто така, се истакнува дека податоците се шифрирани и се чуваат поделени на повеќе сервери, а најважно од се, компанијата не одговара позитивни на барањата од кинеските власти.

Дали ова ќе неправи некаква разлика останува да видиме, а во меѓувреме гледаме како се појавуваат конкурентни сервиси, но TikTok останува број 1 кога се во прашање овој вид на објави.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle конечно го гаси Hangouts сервисот и ги префрла корисниците на Google Chat
Следна статијаSamsung се шегува на сметка на Apple и одлуката да не вклучат полнач со новите iPhone 12 телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.