Откако Google Meet бизнис сервисот стана достапен и за „обичните“ корисниците, од компанијата изгледа навистина сакаат да го популаризираат и да се користи од што повеќе корисници. Google Meet е интегриран во Gmail сервисот преку веб, а сега истата интеграција доаѓа и на мобилните апликации од Gmail на Android и iOS.

Начинот на функционирање е едноставен, а корисниците се што треба е да го притиснат линкот кој го имаат добиено во порака преку Gmail апликацијата, по што повикот ќе се отвори директно во оваа апликација, наместо во Meet апликацијата.

Јасно е дека од Google сакаат да им овозможат и на тие кои ја немаат инсталирано Meet апликацијата да се приклучат на разговорите, а тоа секако може да придонесе кон користење на сервисот почесто кај повеќе корисници.

За неделите што следат Gmail апликациите ќе добијат и посебна лента за Google Meet преку која ќе може да ги гледаат закажаните конференции, да креираат нови, да добијат линк за нивно споделување и слично. За тие кои не би сакале да ја гледаат оваа лента, истата ќе може да се исклучи.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаСЗО ќе ги ажурира клиничките препораки по одличните резултати за користење на дексаметазон за лечење на тешките случаи со COVID-19
Следна статијаИТ компанијата – Интертек со нова и модерна канцеларија за своите вработени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.