youtube-logo

YouTube е еден од главните сервиси кога се работи за стриминг во живо и нивната платформа функционира веќе подолг период. Меѓутоа кога се работи за брзо и едноставно пренесување на видео во живо од мобилните телефони, сепак YouTube нема свое решение.

Ваквите апликации се покажаа како навистина популарни изминатата година, а свои решенија имаат Twitter со својата Periscope, Facebook, а има и уште неколку други. Корисниците со ваквите апликации многу едноставно можат да започнат пренос во живо од својот мобилен телефон, а преносот може да се гледа преку социјалните мрежи и соодветните апликации.

Покрај професионалните преноси, ваквите апликации овозможија и обичните корисници да пренесуваат видео во живо, како на пример на своите блогови и слични страни.

YouTube Connect е одговорот на YouTube на овие апликации и ќе им претставува директна конкуренција. Од Google се’ уште не коментираат официјално, а информациите доаѓаат од порталот Venture Beat.

Според нив, YouTube Connect ќе ги нуди стандардните можности како и останатите апликации. Корисниците преку апликација која треба да биде достапна на Android и iOS ќе можат да започнат пренос во живо кој ќе може да се гледа преку YouTube.

Видеата ќе може да се зачуваат и за гледање покасно, а истото треба да биде достапно и на YouTube каналот од корисникот кој го врши преносот.

Според Venture Beat, апликацијата во овој момент не нуди можност за споделување на преносот преку социјалните мрежи, но со оглед на фактот што оваа апликација уште не е потврдена, не може да се земе сигурно што е тоа што ќе има или не.

Извор: Venture Beat

Претходна статијаНовиот iPad Pro сепак има нешто послаби перформанси од поголемиот модел
Следна статијаIntel го забавува развојот на процесорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.