swarm

Апликацијата Swarm од Foursquare веројатно знаете дека е направена со намена да се среќавате почесто со вашите пријатели. Таа практично овозможува да видите кои од вашите пријатели се во близина, да испланирате и да ги поканите на некаква средба околу било што, да се означите каде сте биле и слични активности. Досега поканата одеше преку делот Plans, преку кој можевте да ги поканите сите пријатели одеднаш.

Од Foursquare сега ја згаснуваат таа опција и ја заменуваат со приватен систем на пораки, со кој ќе можете да искомуницирате со вашите пријатели и да ги поканите на разни случувања.

Со системот за приватни пораки ќе можете да праќате единечни, но и групни пораки до вашите пријатели, па дури и масовни пораки на сите пријатели (ако навистина имате потреба од истото). Надградбата на апликацијата можете да ја преземете од Google Play Store или Apple App Store во зависност од вашиот уред.

Оваа функција може да се каже дека недостасуваше и апликацијата ја прави поцелосна и корисна. Чекирањето само по себе можеби и не е толку корисно, доколку немате можност да се вклучите и во разговор со луѓето во близина. Ова може да се каже дека ја прави апликацијата и до некаде социјална мрежа за запознавање, затоа што сигурно не сите луѓе на листата ги познаваме и лично.

Се верува дека на овој начин Foursquare сака да ја задржи популарноста на своите апликации кои што трпат критики од одредени групи поради поделбата на две посебни апликации. Апликациите кои што нудат можност за комуникација се имаат покажано како доста популарни, па Swarm со ова ја проширува својата намена.

Извор: The Verge, NDTV

Претходна статијаWindows 10 ќе има поддршка за peer-to-peer надградба на системот
Следна статијаMicrosoft тастатура на склопување со батерија која трае 3 месеци