sunrise-cal-android

Минатата година Microsoft купи неколку компании коишто стојат зад развојот на едни од најпознатите апликации на Android и iOS. Една од нив беше можеби и најпознатата во тој момент календар апликација Sunrise.

Апликацијата продолжи да функционира, меѓутоа најавено беше дека планот на Microsoft е да тимот, кој стана дел од тимот на Outlook, ќе работи на додавање на функциите, стари и нови, во Outlook апликациите.

Иако има уште време додека може да се каже дека Outlook почнува да наликува на Sunrise, одредени функции постепено почнаа да стануваат дел од оваа апликација на Android и iOS.

Јасно беше и дека Sunrise нема да продолжи да функционира паралелно до неодредено време, па се чекаше денот кога ќе биде најавен нејзиниот крај.

Тимот на Sunrise преку нивниот блог во текот на вчерашниот ден најавија дека тие нема да продолжат да ја развиваат апликацијата и истата ќе престане да функционира.

За жал, како и сите добри приказни, има и тажен дел во неа. Не сме во можност да ја поддржуваме и надградуваме Sunrise веќе. Нема нови функции. Нема исправка на багови. За нас, тоа е дефиниција на лоша апликација и тоа не е корисничкото искуство со коешто би сакале да ве оставиме.

Sunrise ќе биде тргната од продавниците за апликации во наредните неколку дена, а ќе престане целосно да функционира на 31-ви август.

Од тимот нагласуваат дека тие ќе продолжат да работат со тимот на Outlook и дека може да се очекува постепено повеќето функции да станат дел од овие апликации.

Извор: Sunrise, The Verge

Претходна статијаFlens ќе го направи блицот на вашиот паметен телефон 10 пати посилен
Следна статијаImpossible Project I-1 – нова инстант камера која оди по стапките на Polaroid
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.